1943.10.13_Главна дирекција на бугарските железници – Потврда за исплатената депортација на Евреите

1943.10.13_Потврда за исплатената депортација на Евреите

Потврда со кој бугарската железница му потврдува на Комесаријатот за еврејските прашања дека го платиле превозот на Евреите од бугарските окупирани територии до логорот во Треблинка.

Сметкопотврда за исплатени трошоци за превоз на 4 137 (3 545 возрасни и 592 деца) Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка.
Во текот на Втората Светска војна македонските Евреи биле присилно пренесени во логорот Треблинка, каде што ги убиваат со задушување во гасни комори. Од логорот на смртта не се вратил никој кој би можел да ги прераскаже стравотиите на уништувањето на Евреите од Македонија. Затоа историските документи се единствените извори за докажувањето на судбината на македонските Евреи.

Меѓу споменатите докази е и сметкопотврда за исплатени трошоци за превоз на 4 137 (3 545 возрасни и 592 деца) Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка, издадена до бугарското Комесарството за еврејски прашања, како документ за раздолжување пред бугарската влада.

Споменатата сметкопотврда е издадена на 13 листопад 1943 година од страна на  и во неа можеме да прочитаме:

„Со следното потврдуваме дека цената на билетите за двата специјални воза со кои превезоа на 25.III о.г. 1 748 возрасни и 197 деца од 4-10 год. од еврејско потекло од Скопје до Треблинка и на 28.III о.г. 1 797 возрасни и 395 деца од 4-10 години од еврејско потекло, изнесува 7,144,317 /седум милиони сто четириесет и четири триста и седумнаесет/ лева.

Тие возови беа испратени по барање на Комесарството за еврејски прашања, кое ја исплати цената на тие два воза со чекови во вредност 4,827,395 лева од 23 март о.г. , чек со вредност 2,000,000 лева од 29 март о.г. и чек со вредност 316,922 лева од 13 октомври о.г.

Ова му се издава на Комесарството за еврејски прашања, за да им послужи како документ за раздолжување. Балкан Бугарско официјално патно биро Потпис Комесар (потпис нечиток) три различни печати, таксена марка од 10 лева.“

 

Извор: Интернет весник Нова Македонија