1917_Harold W. V. Temperley – ’History of Serbia‘, London

1917_Harold W. V. Temperley - ’History of Serbia‘, London

„… Изгледа дека таму има Македонска раса (народ н. з.), независен од овие приточни текови – народ силен, издржлив, смел, самостоен, секогаш спремен на странецот да му притекне напомош во првата можност. Затоа Македонија остана непрекинат проблем за сите околни нации, собирно место и земја за крвава расправа помеѓу различни аспиранти за освојување и слава. Додека Турците сѐ уште ја држат нејзе, Македонија, непрекинато ги привлекува Балканските нации и непрекинато ги вознемирува Големите Сили. …“

„… МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ
Соодветно на ова гледање автономна Македонија потоа би била ништо друго туку производ на изворните Славјански племиња кои се сместиле во овие подрачја во времето кога Србите и Бугарите се сместиле на другите. Овој факт образложува зошто Бугарин или Србин и двајцата можат да тврдат (претендираат н.з.) дека мнозинството од ова население се нивни крвни сонародници. Постои Македонски јазик и Македонски народ, кој може да биде разбран и прилагоден на обичаите било на Бугарскиот или на Српскиот, но кој во себе си е независен од двата. Давајќи го потребното време, пари, заплашување, мито и образовен притисок, Македонецот веројатно би можел да биде претопен на едната или другата раса (народ н.з.). Меѓутоа ако историјата од изминатите времиња има навистина своја тежина, Славјанска Македонија треба да биде автономна и независна. Од друга страна, ако историјата биде запоставена и неморалната прагматичност исполнета како начело, тогаш разрешението зависи не само од постоечките политички услови во Македонија, туку од рамнотежата на силите надвор од неа. …“

 

Посочил: ДООМ