НЕ ЗАКОПУВАЈ ЈА ГЛАВАТА В ПЕСОК!

НЕ ЗАКОПУВАЈ ЈА ГЛАВАТА В ПЕСОК!

– ПРОИЗВЕДИ ХРАНА –
НЕ ЗАКОПУВАЈ ЈА ГЛАВАТА В ПЕСОК

Не треба да ја закопуваме главата во забава и различни други самозалажувачки разбигрижности. Треба да се припремиме што е можно подобро за прехранбената како и другите видови на кризи кои напоредно доаѓаат.

А најдобрата заштита од прехранбената криза што може да помогне и за другите премрежија Е САМИТЕ СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО ДА ЈА ОБЕЗБЕДУВАМЕ ХРАНАТА ЗА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО.

Затоа побарајте парче земја, половина декар засадено со едногодишни култури е сосема доволно за значително покривање на семејните потреби за храна.
Луѓето заслужуваат да разберат ШТО СЕ СЛУЧУВА и заслужуваат да имаат ШАНСА ДА СЕ ПРИПРЕМАТ. Го одзема здивот ако се погледне брзината со која се случуваат нештата и тоа низ целата планета. Луѓето НАВИСТИНА ТРЕБА ДА СЕ РАЗБУДАТ, да престанат да се самозалажуваат дека животот ќе продолжи како што вообичаено си течел. За жал, стварноста е дека пред нашите очи се разгорува стварна планетарна криза.

Ако не верувате земете ги во предвид следните факти:

1. Францускиот Претседател Макрон ни кажува дека треба да се припремиме за „крајно сериозна“ глобална криза за храна (прехранбена криза).

2. Американскиот Претседател Бајден призна дека недостатоците за храна „ќе бидат стварни (going to be real)“, а неговата администрација сега отворено го користи зборот „глад“ за да го опише она кое доаѓа…

3. Беше даден извештај дека цените на храната во германските супермаркети наскоро ќе порасне од 20% до 50%.

4. Германија достигна инфлација од 7,6% што е незапамтено обезвреднување на парите за сегашните поколенија на германски граѓани.

5. Во Шпаније е започнато со „рационализација“ во продажбата на некои прехранбени производи (сончогледово масло, јајца, млеко…).

6. Во Грција националните супермаркети исто така започнале со рационализација на продажбата на прехранбени производи како брашно и сончогледово масло.

7. Раководството на BlackRock (инвестициска и дистрибутерска мрежа) предупреди дека ова ќе биде прв пат ова поколение „да отиде во продавница и да не може да го добие тоа што го сака“.

8. Споредено со минатата година, цените на ѓубривата се покачени и до 300%.

9. Многу земјоделци во Африка оваа година воопшто нема да можат да си приуштат употреба на ѓубрива што ќе предизвика намалување на количината на произведена храна за околу 100 милиони луѓе.

10. Русија е една од најголемите светски извозници на ѓубрива. Русија е најголем извезувач на три главни групи на ѓубрива (нитроген, фосфор и калиум). Русија е најголем извозник на гас, кој пак се користи при производството на ѓубрива.

11. Половина од увозот на житарици за Африка доаѓаат или од Русија или од Украина.

12. Има и многу други земји кои се зависни од увозот на житарици од Русија и Украина дури и во поголем обем од Африка.

13. Русија и Украина вообичаено покриваат околу 30% од светскиот извоз на житарици.

14. Русија званично изјави дека ќе извезува храна само „за пријателските земји“ во кои не спаѓа Македонија.

15. Низ САД и други земји се појави птичји грип (намерно или случајно) што наметна потреба од уништување на милиони кокошки и бројлери во живинарските фарми.

16. Кинескиот Министер за Земјоделство објави дека жетвата на зимските житарици можно е да е најлошата во историјата.

17. Исто така дојде до предупредување дека зимската жетва на житарици во САД ќе биде катастрофална поради жестоката суша.

18. Раководството на Светската Здравствена Програма при ОН изјави дека планетата се соочува со нешто што не било видено од Втора Светска војна. David M. Beasley – Извршен директор на Светската Здравствена Програма која е служба во рамките на ООН и која дневно прехранува 125 милиони луѓе во разни кризни места: „Украина е само катастрофа од одозгора на катастрофа … Не сме имале ваков случај ни дури приближно (критичен) досега од Втора Светска војна.“