Ѓорче Петров

• 1898.12 статија: „Кој го ослободи Крит“ во „Бунтовник“ бр1. стр.2-3 •

Македонецу со билначе ли чекаш да ти јават дека си слободен или со тапан да ти подумкаат под увото? Верувај дека ѕверот, твојот тиранин нема да се откаже од храна.
Слободен сум, сѐ е свршено. Ете кој ја дава слободата. Кажи го и ти тоа ако сакаш да бидеш слободен.

 

• 1905 Македонско ослободително дело (цел, средства, задачи?) •

Ние треба да се чуваме од секакво директно или индиректно мешање во нашите работи на која и да било држава, колку поради опасноста на лоши толкувања однадвор, толку и од гледиштето на нашата идеологија. Особено треба да бидеме претпазливи и внимателни во одисеите кон официјална Бугарија, зашто таа е трн во очите на сите заинтерасирани за нашето прашање и за нашата борба, а за самите нас таа, пред сите други држави, може да стане волк, кој влегол во нашата кошара.

 

• • •

Македонија по своја иницијатива и по силата на својот живот се оформи сама себе си во одделна морална единица, со своја специфична идеологија и со свој политички лозунг – обласна самоуправа која се мачеше да ја реализира со свои сопствени сили. Долгата и упорно нерамна борба против турското политичко владеење под знамето на горниот лозунг, епските подвизи на безброј безимени дејци во редовите на Внатрешната револуционерна организација, нејзина рожба што високо рекламираат еден возвишен идеализам, голем духовен подем и силно политичко сознание на населението, ќе си го сочуваат засекогаш своето воспитно значење на поколенијата и ќе бидат во нив скапи историски споменици кои ќе ѝ го крепат духот при евентуални несреќи.