Дали треба да се има доверба во анти-ковид вакцините!?

Во христијанството постои едно начело за откривање на вистината. Ако за некоја работа е сложено да се открие која страна е во право се советува еден многу едноставен метод кој неизбежно ќе ни открие кој е исправен, а кој има задни намери – ЌЕ ГИ ПОЗНАЕТЕ ПО ДЕЛАТА. Така го земам за пример долготрајниот спор околу иконоборството. Ако некој обичен човек не можел да знае теологија за да му биде јасно што е правилно, тој сепак можел да ја одбери исправната страна просто со согледување на делата на претставниците од двете страни. Исправната страна не употребува насилство, не се користи со лаги, нејзините предводници се честити луѓе, своите ставови наместо со сила сакаат да бидат прифатени со убедување користејќи едноставна логика и тн.

Така како да ги убедиме луѓето дека вакцините се припремени со зла намера и ќе донесат штета. Што можеме да кажеме кога ни најдобрите медицински стручњаци не можат да знаат што има во вакцините. А не пак ние кои немаме ниту соодветни професионални знаења ниту пристап до податоците. Впрочем кој има пристап!? На крај дури ни самите производителите доколку би биле добронамерни сепак не би можеле да бидат сигурни за последиците од вакцинирањето.

Но штом вакцинирањето се наметнува со сила помешано со поткуп, се користат закани, се применуваат разни финти, разни обмани, нападна пропаганда, замолчување, недавање право да се слушне и другата страна, прекршување на уставни и законски одредби, прекршување на правни процедури тогаш со сигурност – намерите не им се чисти. Штом некој нешто насила тера за прашање од строго личен карактер и при тоа самиот ништо не гарантира, тој не може да биде добронамерен. Ако пак земеме не само начинот туку ако се потсетиме и на изминатата историјата на однесување на оние кои стојат зад вакцинирањето, какви биле нивните изминати дела со тешки последиците по народите, со лакомост за богатење, со индустрии предизвикувачи на катастрофални појави за целата планета, ставајќи го тоа на сметка на сиромашните, воведување некоја нова досега невидена нездрава култура, безброј се поголеми морални забегувања, она кое овде во Македонија го прават… несомнено е дека во вакцинирањето кое истите тие го спроведуваат не само што не треба да се има доверба туку треба да се бега како од ѓавол.

А како краен доказ за во иднина нека биде ова. Ако некој веќе се вакцинирал, ќе му се докаже дека вакцинирањето е штетно со тоа што истото нема да заврши само со едно вакцинирање. Ова е само почеток на редовно вакцинирање, а проблемот со пандемијата таман ќе го наместат како да завршил повторно ќе се обновува се додека многубројните генетски чепкања не ја завршат работата заради која вакцините се осмислени.

Матеј 7
15 “Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи.
16 По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
17 Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови;
18 не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.
19 Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган.
20 И така, по нивните плодови ќе ги познаете.”