Мало Турче турски зборува!

На Бугарија не ѝ пречи македонскиот јазик и потекло (идентитет), само што бараат Зајко Минхаузен (и компанија) написмено да им потврдат дека истите имаат “бугарски” корени! А народот и понатаму ќе го убедуваат со старо-новата пропагандна изрека: „Никој нас не може да ни го одземе идентитетот, ние се чувствуваме Македонци и говориме македонски! Може некој да нѐ запре да говориме!?“

Наспроти овие крајно штетни релативизирачки мантри, во сеќавање ми остана една поговорка од родителите: „Види го ти него, мало Турче турски зборува“. Поговорка која ја употребуваа секогаш кога на мене или на некој друг ќе му се „испуштеше“ да рече нешто што е премногу очигледно, а нема потреба да се каже! … А како поинаку да зборува малото Турче кога родителите му се Турци!?

Така Турците и ден денес во Македонија турски си зборуваат иако повеќе не живаат во турска држава. И нека си зборуваат – тоа е нивно право. Но нив совеста им е чиста, Турција е силна држава, а Турците напуштиле освоен простор кој го изгубиле со војнички пораз.

Што правиме ние кутрите Македончиња кои се тешиме дека ќе имаме слобода и дека секогаш ќе си зборуваме на македонски!? Тешко стекнатата држава платена со крвта на најдобрите македонски синови и ќерки дозволивме да ја размонтира еден класичен предавник, Минхаузен, кој ги собра сите противмакедонски орди, а ордите на бугарскиот фашизам ги „преобрази“ во администрација!

МНА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *