Родољубието како нужна потреба

Патриотизмот не е имагинарна желба за својата татковина. Не е празен збор изговорен од поединец.
Патриотизмот е резултат на свесноста за неопходност од заедничка борба за опстанок. Патриоти се оние кои се доволно свесни дека без да се борат заедно со останатите припадници на својата група на припадност, ќе им робуваат на другите.
Бидејќи светот е џунгла во кој ако не си обединет со сличните на себе, ќе бидеш или отстранет или ќе им робуваш на другите. Секоја индивидуа со малку свесност сфаќа дека треба да се бори за својата заедница, заедно со сличните со себе, пред се :

1. по дух и вера,
2. по заеднички јазик
3. по култура
4. по потекло.

Ако нема доволно свесност кај еден народ, тој ќе пропадне како дух и култура, а неговите распрснати ( разединети) индивидуи ќе им служат на народите каде се нашле. Ќе слугуваат, затоа што секој друг народ, секој поединец на друг народ за секоја работа им дава предност на родените во сопствената нација, а не на придојдените или асимилираните. Богатите народи не се занимаваат со понижувачки работи, тие работи ги вршат новодојденците и асимилираните и ги прават тие народи уште побогати.

Убавите чувства при слушањето на химната на својата татковина, заедничко навивање за своите натпреварувачи, радоста од победа на својата заедницата, тагата поради несреќа на сопствениот род, произлегуваат од сознанието дека сите сме заедно и дека заедно претставуваме сила која може себе си да се зачува, одбрани и воздигне.

Ако нема патриотизам, нема опстанок, туку пропаст на целиот тој народ. Тоа значи и пропаст на индивидуите, на припадниците кои го сочинувале тој народ.

Во овој период, заедништвото, обединувањето, патриотизмот е нужна потреба на македонскиот народ. Да ги поставиме заедничките интереси пред личните и секој вистински Македонец да одвои дел од своето време, средства , знаење за заедничкиот национален интерес.
Само обединети и сплотени, сите заедно може да се спротивставиме на злото кое се заканува да не уништи.

МАКЕДОНИЈА, ЕДНА, ЕДИНСТВЕНА, ВЕЧНА

19 Сечко 2021
СТАВ НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА