Мал прилог кон крупна работа

Името Бугари; Бугарија, гордост или „системска грешка“? Или и едното и другото?

Напомена!

Текстов не се однесува на Бугарите кои си се чувствуваат Бугари, го почитувам правото на секој поединец да се чувствува според своите убедувања од било кои причини и побуди, но кога тоа суверено и човеково право мене лично ми се загрозува, од било кој субјект вклучително и од државните институции на Бугарија и нивните претставници и перјаници, да сум она што отсекогаш биле моите родители и предци – Македонци, чуствувам за потреба да изнесам неколку основни непобитни факти поврзани со нивната етногенеза, не дека нешто ќе сменат во своето однесување туку најмногу да не мислат дека дојде „крајот на историјата“ но и да се вратат за миг во нивното омилено „херојско“ време – времето на ханот Аспарух и неговите следбеници.

Името Бугари; Бугарија, гордост или „системска грешка“? Или и едното и другото? Денешните Бугари засекогаш ќе ги следи лошиот избор со кој не го оставија во живот името на домородните Тракијци. И не само што не го оставивија дури и име и идентитет прифатија од тие што ги силуваа и пљачкаа – татарите Бугари, и згора на сѐ горди се на тоа! Што сами за себе би рекле „уникални“ се! Да, плус тоа станаа “компактибилни” со западната стратегија на бришење на домородните народи и нивните идентитети. Ним им годи името Бугари затоа и им го допуштија, ним македонското име им е трн во око, се разбира како и на самите Бугари, кои се име опаковка кое не одговара на содржината и суштината – словенскиот јазик кој отсекогаш го говореле Македонците, Траките, Илирите, Мизите… Како решение треба да ја заменат грешната теза и системската грешка – да си го променат името од Бугари во Македонци во цела Бугарија за да бидат со нас Македонците компактибилни како во времето на нашиот крал а нивниот цар Александар, а на тој начин ќе ја отфрлат темната дамка од историјата на нивните силувачи – татари и ќе си се вратат на вистинските нивни корени – Македонските, Тракиските или Мизиските сеедно! Во спротивно и понатаму ќе бидат пример на жртва која го засакала својот џелат и по името на џелатот го добиле името на државата. За информација со Кина Монголите владеат околу 600 години и… Кина остана Кина не се сторија Монголи, иако и едните и другите се косооки! Ако по годините на владееење домородните народи од Балканот го прифатеа бугарскиот модел за национална гордост и идентитет ќе требаше сите во имињата на националните држави да го носат префиксот Турски! Искрено немам намера овој текст да го претворам во смешка и комедија макар сум сигурен дека и такви реакции ќе предизвика. Да повторувам не е смешно, идентитетските расправи на оваа тема ја носат сета ТРАГЕДИЈА на судирот на протагонистите на западната политика и нивните слуги и отпорот на домородните и самосвесни народи на Балканот за нивен опстој кој никако неможат да го скршат, но за жал на вистината оставаат големи и тешки рани кои тешко заздравуваат, а Бугарија е жив пример за тоа!
Во овие политички моменти на лицемерие за Европската „иднина“ на Македонија одлучуваат два типа на преговарачи од Бугарска и Македонска страна. Бугарски преговарачи претставници на Бугарите со неетички граден идентитет и граѓани од држава со сменето име, избришан идентитет или идентитет на коси црти, сеедно а се во духот на европските „вредности“ во кои нема место за човекови права макар и за Македонци припадници на најстарата држава во Европа која не е плод на нивната фантазија и мастило. И тука има разбирање и координација од сите три страни. А ние Македонците и понатаму имаме „проблем“- никако не можеме да сфатиме дека „добро“ живееме!
Согледување на Македонска Национална Академија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *