Крајот на историјата

„Конечно“ дојде и тој ден – „Крајот на историјата“!

Глобалистите ја “тераат” својата зацртана агенда за “светска влада”, која има за цел бришење на границите на државите во секоја смисла. Затоа што според нив тогаш “ќе немало” причини за војни, односно “ќе немало” непријатели.
Без непријатели би исчезнала политиката, а без политичката борба теренот би бил “чист” за економијата. Демек, се наведува на помислата, дека историјата тогаш би завршила. Затоа што борбите за територии веќе не би биле извор за конфликти.
И еве ние слугите пионери на глобалната политика во улога на “светски пацифисти”, светско чудо направивме. Jа укинавме историјата… Каков “напредок” и “визија”!

Според американскиот филозоф, аналитичар и автор Френсис Фукујама кој ќе ја напише книгата „Крајот на историјата и последниот човек“ западната либерална демократија со македонскиот пример на укинување на историјата се “потврдува” како крајна точка на социокултурната еволуција на човештвото и конечна форма на човечкото политичко уредување!

Да, да, можеби сме блесави, ама затоа пак блескаме – на глобално ниво! Но сепак, да не бидеме прескромни и да се ограничуваме со блескањето – можеби постои живот и на други планети?

СОГЛЕДБА НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА