Извештај – Втор протестен марш за ослободување на затворените уставобранители

29 Косар 2021, Скопје. Втората протестна чекорница за ослободување на затворените уставобранители помина многу добро. Просведот беше нешто помалоброен од првиот во Тревен, но сепак бројноста и енергијата беше голема. Со оглед на значително помалата разгласувачка кампања, посетеноста беше над нашите очекувања. Чувството на присутните таму и отпосле е позитивно. Од сите страни проценките се дека ПРОТЕСТОТ БЕШЕ УСПЕШЕН! Чекор напред во подигнување на народната волја, енергија и самодоверба.

Главна придобивка од двата протести е рушењето на митот дека македонскиот народ е пасивен, си седи дома, дека е непотеглив и слично. Излезе дека ако одреден настан добие поголема разновидна поддршка од разни единки на македонската сцена. Што значи ако има поголема морална сила да биде СЀМАКЕДОНСКИ, со солидна организираност – народот се одѕива на таквиот повик. За земја со овој број на жители секој протест што е над илјада е пристоен протест. Нема да навлегуваме во бројки кои се во широк распон на различна проценка, но несомнено и двата протести беа со многу илјади учесници.

Во поглед на недостатоците, се чини дека организаторот иако способен и со потребните капацитети не бил амбициозен за овој втор протест да биде поброен од првиот. Не треба да се западне во навика или не дај Боже вообразеност и да се очекува дека работите сами ќе се движат. Доколку се сака да се оди во организирање на уште помасовни настани мора да се унапредат вложените сили во организацијата и разгласувачката кампања.

Главната опасност е доколку ВМРО-ДПМНЕ го присвои и партизира и овој протест. Со оглед на тоа што многу Македонци се разочарани од раководството, дури и оние кои се членови на партијата, нема да доаѓаат на протест кој е злоупотребен за себеистакнување на поединци. Тогаш ќе се изгуби моралната сила со што ќе се изјалови и оваа народна поддршка.

Сите кои што беа присутни или на некаков начин го поддржаа овој настан го исполниле долгот кон затворените родољуби. Веруваме дека на затворените родољуби им донесовме утеха дека не се заборавени. Не е заборавено нивното родољубно дело од 27 Тревен и нивната жртва која се прави за националните интереси на сите Македонци.

После низа на неуспеси, имаме четири добиени рунди: одложување на пописот, два успешни протести и се надеваме успешно враќање на дресот на македонската фудбалска репрезентација.

Така што сега имаме добар залет и мораме да го искористиме за успешна одбрана на македонските вредности од најавените напади – законот за попис, законот за државјанство, распродажба на државното земјиште, ненаместени општински избори…

Заеднички да продолжиме во давањето на свој прилог во изведба на успешни настани кои ќе ја негуваат националната самодоверба и самопочит. Македонија на Македонците!

Извештај на МНА