Учебници и настава мора да има

учебници и настава мора да има

Токму така, мора. Не е нешто да треба, да може , да се почека или импровизира. Мора да има учебници и никако поинаку.
Учебници во хартиена форма како до сега, ништо повеќе ништо помалку.
Македонска Национална Академија, како здружение, создадено пред сѐ за лична и национална наобразба, активно ги следи сите случувања во образованието во Македонија. Точно е дека во основното образование треба да има суштински промени, реформи во насока на подобрување на квалитетот на образовниот процес, кој ќе се рефлектира на подобрување на успехот на учениците. Точно е дека нашите ученици значително заостануваат во знаења и вештини во однос на учениците од другите земји и тоа мора да се промени.
Но дали на овој начин ?
Реформите кои ги наметнува т.н. министер за образование се далеку од она што навистина е потребно на образованието во Македонија. Реформи без вклучување и согласност на сите релевантни фактори за образованието се насилни, принудни, и без подршка од родителите, без согласност од наставниот кадар и пред се на учениците, ќе даде само спротивни резултати од она што се очекува.
Македонска Национална Академија, целосно ја подржува граѓанската иницијатива „ УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА “ , против наметнатите реформи во образованието од страна на власта. Остануваме со народот и во одбрана на интересите на народот. Даваме целосна подршка на сите активности и планови на иницијативата и стоиме на располагање со целиот свој капацитет.

5 косар 2021
СТАВ НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА