Повик до пратениците во Собранието на Македонија

ОД ИМЕТО НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА, А ВО ИМЕТО НА СИТЕ ВИСТИНСКИ РОДОЉУБИ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА ТАТКОВИНАТА, ВЕ ПОВИКАМЕ ВЕДНАШ ДА ГО НАПУШТИТЕ СОБРАНИЕТО И ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ПРАТЕНИЧКИТЕ МАНДАТИ.
ВИЕ СТЕ ПРАТЕНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ТРЕБА ДА ГИ ЗАСТАПУВАТЕ ИНТЕРЕСИТЕ НА НАРОДОТ.
ПАРTИЈАТА, ПОЛИТИКАТА И МАНДАТИТЕ СЕ МИНЛИВИ, НАРОДОТ И МАКЕДОНИЈА СЕ ВЕЧНИ.
ВО ВРЕМЕТО КОГА СЕ СЛУЧУВА НАЈСРАМНАТА РАСПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ, СО САМОТО ТОА ШТО СЕ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО ВИЕ СТЕ И СОУЧЕСНИЦИ ВО УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА. ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ СЕЕДНО.
СЕГА СЕ ИСПИШУВА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, А ВИЕ ОДЛУЧЕТЕ ДАЛИ ЌЕ БИДЕТЕ НА СТРАНАТА НА ПОБЕДНИЦИТЕ ИЛИ НА СТРАНАТА НА ПРЕДАВНИЦИТЕ.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ МЕЃУ НАС, ЗАЕДНО СО НАРОДОТ, СИТЕ СПЛОТЕНО, ЗДРУЖЕНО ДА ГО УРНЕМЕ НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО – ДА ПРЕСТАНЕ РАЗНЕБИТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА И ДА ЗАПОЧНЕМЕ НОВА ЕРА НА САМОСТОЈНА, НЕЗАВИСНА, СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА