СТОП ЗА ЗАПАДНИОТ ИМПЕРИЈАЛИЗАМ

Како припадници на македонскиот народ сакаме да се ДИСТАНЦИРАМЕ ОД ЗВАНИЧНАТА ДРЖАВНА ПОЛИТИКА НА ЗАПАДНАТА КОЛОНИЈА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА РУСКО-ЗАПАДНИОТ СУДИР ВО УКРАИНА. Званичниот став на Република Северна Македонија со остра осуда на руската интервенција во Украина не е легитимен став на македонскиот народ. Исто како што не е легитимно и сѐ друго што е одлука од национален карактер на колонијално поставената намесничка власт. Исто како што не е легитимна одлуката за членство во НАТО донесена без народна согласност.

Не навлегуваме во оправдување на секој одделен потег или во начинот на кој руското политичко раководство одбра да ги брани интересите на својата нација. Впрочем не се согласуваме со нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина со одземањето на Крим и прогласување државна самостојност за областите Луганск и Доњецк.

Сепак нужност беше некоја од големите сили, во случајот Русија кога опасноста дојде и до нејзините граници со сила да им се спротивстави на западните империјални политики кои се во завршна фаза на уништување на народите во светот.

Западниот империјализам одамна води фантомска војна со сите народи потчинувајќи ги на својата незадржлива олигархиско-корпорациска лакомост. При тоа уништувајќи ги не само стопанските туку и основните цивилизациски вредности на човештвото. Да се потсетиме само на тековната „cancel револуција“ со која се рушат основните здраворазумски историски и морални вредности.

Меѓу сите народи нападнати од глобалниот империјализам, а под насилничка закана на НАТО воениот сојуз, ние Македонците најдобро знаеме како е да се живее во децениска агонија жилаво борејќи се за гол национален опстанок наспроти западната колонијалистичка грабачка политика. Од македонскиот народ се зеде и постојано се зема сѐ што е најдоброто од ресурсите со кои располагавме – природни, стопански, финансиски, кадровски, историски, идентитетски, култоролошки… Како општество под западна колонијална стега ние сме вратени стотина години наназад и тоа не само што не завршува туку со секоја година состојбите се влошуваат.

Нема потреба од набројување на сите стари и нови злодела кои јасно покажуваат дека НАТО е злосторничка воено-политичка организација. И секој кој застанува во одбрана на интересите на НАТО, независно што мисли за себе и за што се претставува, фактите јасно покажуваат дека застанувајќи во служба на глобалтоталитаристичкото зло соучествува во одземањето на слободата на човештвото.

Затоа според своите скромни можности и ние како МАКЕДОНСКИ НАРОД заедно со РУСКИОТ и другите СЛОБОДАРСКИ НАРОДИ ќе се бориме за сопствената и заедничката слобода. Ако главниот товар на современата светска борба за слобода повторно паѓа на рускиот народ и ние Македонците како и претходно ќе го исполниме својот историски долг кон неа.