Колку нѐ чинат политичките партии во време на криза

Повод за нашиот напис е донесувањето на Закон по скратена постапка за дополнително финансирање на политичките партии за 2020 година.

На седница на Собранието на нивната земја, на 05.12.2020 година по скратена постапка беше донесен Законот за изменување на Законот за финансирање на политички партии, со кој закон, народните пл(р)атеници едногласно изгласаа дополнителни средства од Нашите пари, во износ од 113 милиони денари (1,83 милиони ЕУР). Имајќи во предвид дека во жетвар 2020 година на политичките партии им беа исплатени 75,8 милиони денари (1,3 милиони ЕУР), вкупниот износ кој ќе го вкасираат оваа година, во време на криза изнесува над три милиони ЕУР.

Во време на корона криза и кога се срушува целиот стопански систем, толку е неопходно политичките партии да добијат огромна сума што се донесува Закон по итна постапка. За да нештата бидат појасни сумите треба да бидат исплатени до крајот на 2020 година. Најверојатно навреме ќе ги добијат за политичките партии да ги покријат трошоците за кампањата за месните избори на градоначалник во Штип и Пласница како и за месните избори планирани за оваа пролет. Навреме да се купат доволен број на гласови за да се довршат добропознатите национални „проекти“.

Нема да пресметуваме сега што сѐ би можело да се купи за овие средства. Кои потреби на најризичните групи би можеле да бидат задоволени!? Кои би биле заедничките првенствености за надминување на последиците од кризата!? Доволно сме запознаени со сите несреќи кои ни се случуваат во ова време и можеби и затоа сме повеќе раздразнувани од несовесноста на (не)народните пл(р)атеници.

Колку е веројатно да се очекува дека барем дел од овие пари ќе ги наменат за помош на најзагрозените, но да се мислеше на заедничките потреби сигурно законот немаше да биде донесен по брза постапка и едногласно изгласан од пл(р)атениците.

Тоа е тоа, ќе се сетат на народот кога ќе дојдат наредни избори, но дали народот ќе памети или заборави!? Кога и да е народот сѐ ќе извади на површина. Тогаш ваквите написи ќе бидат потсетници за едно минато лошо време. Потсетник за строгоста на мерките кои ќе бидат потребни за казнување на оние кои мислејќи само на себе ова горко време уште повеќе ни го загорчија, а во многу нешта самостојно ни го приредија.

 

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА