Народниот имот на распродажба

Како надоврзување на нашиот текст 08.11 оваа година, за случајот АД ПОШТА и по најавата на вршителот Министер за финансии – Фатмир Бесими за можна продажба на уште неколку друштва во кои државата е единствен или мнозински сопственик, чувствуваме потреба да споделиме наш став по однос на оваа прашање. Намерата за продажба на дел од друштвата во државна сопственост е најавена и од страна на Заев – вршител на Премиерска должност, како дополнителна можност за остварување на приходи во буџетот за 2021 година, со продажба на државниот (народен) имот.
Точно е дека голем дел од друштвата во државна сопственост работат со загуби, не се делотворни (рентабилни), многу од нив се со блокирани сметки, неплатени обврски и непрекинато (континуиранo) намалување на нивната вредност. Но точно е и дека раководењето со овие друштва е доделено на политички наградени (заслужници) наместо на докажани стручни лица (експерти). Уште поточно е дека сознанијата за неправилностите во работењето и лошото управување не се споделуваат во јавноста. Не се расправа за нив во формалниот Законодавен дом и не се бара лична или заедничка одговорност од раководниот тим, иако за секој неуспех треба да се бара најсоодветно и најбезболно решение, решение кое е најповолно за целата заедница.
Според нас, едно од решенијата е продажба, јавно приватно партнерство, а второ и можеби поповолно решение е преструктуирање, реорганизација на друштвото, утврдување на критичните точки и истото да продолжи да делува со истата сопственичка структура.
При продажба на друштвото во државна сопственост (народен имот), владетелот во име на народот одлучува за трајно оттуѓување на народниот имот. Засекогаш се откажува од сопственоста и можноста за остварување идни заработки за идните поколенија (генерации) . Што би рекле народно – стануваме кираџии на сопствениот имот.
Доколку и се продаде народниот имот, новите сопственици сигурно ќе изнајдат решение за раздвижување ( активирање ) на трговските друштва и нивно доходовно работење. Значи решение има, но желба за решавање нема. Така нели во предизборните настапи ( кампањи) нѐ бомбардираат со проекти и планови за стопански раст, стручни и чесни кадри чиниш преку ноќ ќе ги решат неуспесите и потешкотиите. Но вистинските тешкотии и неуспеси настануваат кога ќе дојдат на власт и ќе заборават на ветувањата.
Проучувајќи ги финансиските и ревизорски извештаи на државните друштва – загубари, може да се заклучи дека потешкотиите ( проблемите ) се прецизно изложени и утврдени и веруваме дека од страна на стручните лица се дадени и препораки и насоки за нивно решавање. Она што би требало да следува како природен тек на настаните е да се постапи по препораките и да се најде решение. Не сме ние први ниту единствени кои се соочуваме со слични тешкотии, некогаш треба само да се послужиме со искуствата на други друштва или друштва од иста дејност од други држави. Она што би го направил новиот сопственик да го направи заедницата, државата, установите (институциите) , исклучителните наши поединци. Краен исход (резултат) од заедничко делување е заеднички успех. Но најважно од сѐ, имотот ќе остане на народот и ќе служи за идните поколенија.
Многу често при продажба на државниот имот, новите сопственици воопшто и немаат намера да продоложат со деловната работа, нивната намера е да го продадат имотот на друштвата и да ја поништат (ликвидираат) – банкротираат фирмата. Неколку случаи на продажба на привлечни недвижности на уште попопривлечни местоположби (локации) од страна на „странски вложувачи“ сѐ уште се присутни (актуелни) во македонската јавност.
Наместо целиот наш потенцијал да се насочи кон решавање на заедничките потешкотии во полза за заедницата, вниманието се одвлекува на споредни работи. Се допушта квалитетните кадри да ја напуштаат татковината и без многу проценки (анализи) и размислувања политичките „чесни кадри“ брзопотезно да го решат недостатокот ( проблемот ) со продажба на народниот имот по секоја цена.
Според најавата на вршителите на министерската и премиерската должност друштвата: АД Македонски Ж