Најголеми даночни должници – втор дел

НАЈГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ДОЛЖНИЦИ – ВТОР ДЕЛ

По објавувањето на листата за најголемите даночни должници на страната на УЈП од 27.11.2020 година, чувствуваме за потреба да дадеме наша кратка анализа – истражување.
Вкупниот долг во износ 9,95 милијарди денари (162 милиони ЕУР) и зголемување во однос на претходниот извештај – месец за 262 милиони денари (4,3 милиони денари), или 2,6 % и не е некој неочекуван податок.
На врвот на листата без поголеми промени, ТОП – 5 должниците цврсто и „гордо“ стојат на првите позиции веќе подолго време.
Мала промена во структурата на должниците, кај правните лица бројот е намален за 40 субјекти, додека кај физичките е зголемен за 409 лица кои се најдоа на листата на даночни неплаќачи.
Нешто што значително отстапува во однос на претходниот извештај е зголемувањето на неплатените царински давачки (царина и данок на додадена вредност при увоз) кој во однос на претходниот извештај е во поголем износ за дури 174 милиони денари (од 22,98 милиони денари на 197 милиони денари) или зголемување за фантастични 7,5 пати ???
Знаејќи дека царинските давачки се плаќаат веднаш при увозот на стока или за нивно одложено плаќање, даночниот обврзник мора да обезбеди царинска гаранција, би го поставиле прашањето – зошто царинските давачки не се платени при увоз и зошто царинскиот долг не е обезбеден со царинска гаранција. Согласно прописите, доколку царинскиот долг е обезбеден со гаранција, даночните обврзници не би требало да се најдат на листата на должници, т.е. не би требало да има проблем со наплата на соодветната даночна обврска.
Доколку царинскиот долг настанат при увоз не е платен, значи дека во државата е внесена неоцаринета и неоданочена стока, со други зборови кажано „криумчарена стока “. Во вториот случај, ако даночниот обврзник нема обезбедено царинска гаранција во соодветниот износ, стоката не би смеела да биде пуштена во промет. Така е пропишано во законските прописи, што не значи дека и така треба да биде применето во пракса. Во двата случаи некој случајно направил прекршок, а друг случано не приметил, не спречил и го дозволил криминалот. Виновник нема да се бара, нема никој да се земе за одговорен, најверојатно системот затаил, корона ситуација, објективни околоности и се друго само не вистински одговорниот за ситуацијата. Можеби е само случајност и што најголемите царински должници се компании од Струмица, Тетово, Гостивар и Скопје. Износот на царински долг од 197 милиони денари сигурно не е настанат за еден месец (од последниот извештај за даночни должници од УЈП) , едноставно не е видено, не е слушнато, не е разбрано. Едноставно, се случило.
Во период кога се усвојува буџетот на Македонија за 2021, наместо да се планира распродажба државно земјиште, да се продаваат компании со доминантен државен капитал кои се од посебно значење за националната економија (АД Пошта, ЈП Железници, ТУТУНСКИ КОМБИНАТ и сл.) или да се продолжи со прекумерното задолжување, како приоритет за зголемување на даночните приходи е да се превземат мерки за интензивирање на наплатата на даночните обврски.

АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *