Зборокоренување на зборот Амазонки

ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (етимологијата) НА ЗБОРОТ АМАЗОНКИ – МИТСКИТЕ ЖЕНСКИ ВОИНИ

АМАЗОНКИ се митско воинствено племе од ЖЕНИ војници. Што би се рекло ни ЖЕНИ ни МАЖИ кои дури и со МАЗГИ да ги споредиме нема да згрешиме. Оти по природа се МАШКО – ЖЕНСКО, прави МАЖОНКИ. Името им почнува со самогласката “А” која во транскрипцијата за антиката вообичаено означува дека не се работи за обични МАЖИ туку за А М А З О Н К И – ЖЕНИ! Да, силни се како МАСКИ или што би рекле Илирите како МАЗГИ! Клучен збор именката М А Ж! Незначителните промени во именките употребени во прилог на објаснувањето на значењето на зборот АМАЗОНКИ како МАСКА, МАЗГА и конечно клучниот збор именката МАЖ се случуваат на соодносот на согласките содржани во нив како “С”, “З” и “Ж” и нивното природно едначење по звучност!
Јужниот сосед е набеден дека Амазонките името го добиле од грчкиот збор “мазос” со значење на цицка, божем едната цицка ја отстранувале за да “стрелаат подобро”! За да ја задоволат оваа “теза” денес можеби ќе треба да ѝ ја скршат едната од цицките на ПОЛИКЛЕТОВАТА скулптура АМАЗОНКА, со која тој ја добива првата награда за најдобра и најубава скулптура на конкурсот за изработка на Амазонка. По оваа евтина теза испаѓа дека тогашниот свет и Поликлет не биле добро известени за тоа кои и какви се Амазонките! А и да знаел пак Поликлет дека Грците денес ќе ја застапуваат оваа теза не верувам дека ќе се дрзнел да ја исклеса со една цицка. Но сепак повеќе држи место дека овие недоразбирања дополнително ги имаат направено наменските митологосоставувачи од Германско – Виенската школа. Кои составиле за нив и останатите, митолошки приспивни приказни за големи деца, без да ги проверат делата на Поликлет, Кресилас, Фидија и многубројните релјефи на тема Амазонки. Секаде претставени со комплет цицки „на готовс“!

Прилози:


Сл. бр.1 Поликлетовата ранета Амазонка;


Сл. бр.2 Ранета Амазонка, Берлински државен музеј 430 год. п.н.е.


Сл. бр.3 Саркофаг од Солунскиот музеј со приказ борба помеѓу „Грци“ и Амазонки (иако во тоа време нема Грци, име кое е производ на моделирањето на современите нации)


Сл. бр.4 Делови од релјеф од мавзолеј во Карија, IV век п.н.е, со приказ на Амазонки во борба.

Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *