Зборокоренување на зборот Бендис

ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (ЕТИМОЛОГИЈАТА) НА ИМЕТО НА ТРАКИСКАТА БОЖИЦА БЕНДИС

Зборокоренувањето на теонимот BHENDH (БЕНД) е основа за името на божицата BENDIS (БЕНДИС). Званичната западна наука има став дека овој теоним има „индоевропски“ корен и дека има значење на СОЕДИНУВАЊЕ односно СВРЗУВАЊЕ. Со умисла на улогата на оваа божица како покровителка на БРАКОТ и вклопувањето на младите во општеството! Сврзувањето, спојувањето и сводничката улога на божицата БЕНДИС неразделно е поврзана со македонскиот глагол БЕНДИСУВА; БЕНДИСА!
Можеби овој напис некои нема да го бендисаат, но тоа во никој случај нема да ја смени неговата суштина како и роднинската и јазична врска помеѓу Македонците и Тракијците!

Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески