Зборокоренување на зборот Касандра

ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (ЕТИМОЛОГИЈАТА) НА ИМЕТО НА КАСАНДРА ПРОРОЧИЦАТА ОД ТРОЈА

КАСАНДРА чие вистинско име е АЛЕКСАНДРА е пророчица од Троја, ќерка на Кралот Пријам која го претсКАЖУва падот на градот. Нејзиниот татко не верува во тоа и затоа ја затвора во самица. Но КАЖАНИОТ ДАР за Троја се остварува – градот е освоен!

Токму според ДАРот да претскажува даден од богот Аполон кој се одликува со пророчка моќ, таа го добива своето ВТОРО име – КАСАНДРА

На нејзиното женско име истоветно е името на кралот КАСАНДАР

Слични зборови поврзани со претсКАЖувањето во античката митологија се :

– КАСОТИДА – Парнаска нимфа по која во Делфи е наречен изворот кој му давал на свештениците пророчки занос за претсКАЖување!
– КАСТАЛИЈА – извор во Парнас близу Делфи, посветен на богот Аполон и Музите. Неговата вода давала моќ за пеење и претсКАЖување!
– КАЗА или КАЖА – гласноговорничката на Богот ЗЕВС (види Илијада и Одисеја)

И овде клучен збор е глаголот КАЖУВА, односно глаголот ставен во минато време КАЖА!

Во Македонските беломорски наречни говори глаголот КАЖА е КАЗА! Пример: „Шо КАЗА?“

Овој македонски глагол во минато време КАЖА на Грчки јазик е είπε, а во сегашно време глаголот КАЖУВА на грчки е λέει.

Глаголот КАЖУВА во глаголски и именски форми без исклучок е присутен во сите словенски јазици!

– КАЗИМИР – Илирско (хрватско) лично име!
– КАЗИМИЕРА – Полско женско лично име!

Сличен збор кој произлегува од истата основа е глаголот КАСА кој исто означува движење на вилиците односно устата. Јадењето КАША е пак наменета за постарите и децата кои не треба посебно да се трудат да ја ситнат храната во текот на јадењето! Во овие три збора точно се употребени меките премини кои зборовите ги направиле со различно значење, а всушност потекнуваат од ист корен!

Kај Mакедонците од дамнина останал обичајот кога невестата доаѓа во куќата на младоженецот со себе да го понеси миразот од куќата од каде што доаѓа. Tаа тие дарови ги става во KAСЕЛATA која и симболички ја претставува куќата од каде што доаѓа. Името на македонската KAСЕЛA се совпаѓа со италијанскиот збор за куќа – CASA односно KAЗA и англискиот збор за „малку поголема куќа“ CASTELL (Kастел)!

Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески