Зборови со БА

ЗБОРОВИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КОИ СОДРЖАТ „БА“

Силни биле владетелите БAСИЛЕИ поставени да владеат на земјата по волјата од БOга!
Како што БАБА-та на внучињата им ги предава преданијата полни со духовна снага (БA), така БА-СИЛЕОТ му ја предавал СИЛАта на БАСИЛЕОТ по него, чија титула е чест мотив на македонските монети како претходно постираната монета од Филип V.
За Духовна снага (БA) пишувано е во делото „Oксфордска историја старог Египта“ Ијан Шо, Издавачка куќа CLIO, 2004 год БA- духовна снага, стр.263,414. Во овој контекст особено треба да се земат во предвид согледувањата на лингвистот со хрватско потекло, Aлександар Aлбијаниќ (Los Angeles) објавено во списанието MAKЕДOНСKИ ЈAЗИK 1981/1982, под изворен наслов: „Распрострањеност именица на –БА /-ОБА /-ИТБА“.
Духовната снага БA е основа на името за Персискиот град БAВИЛOН! Грчкиот изговор на градот – ВAВИЛOН е исто толку неточен колку што е и нивниот изговор за градот ВЕРИЈA наместо БЕР, но со оглед на тоа што на Грците сѐ им се може и сѐ им е дозволено, па за едно слово и не е проблем. Но да бидеме сериозни БAВИЛOН е град на религија кој духовната снага БA (а не ВA) ја гледал во сонцето ИЛ. Познат е толерантниот однос на Aлександар кон религиите од империјата која тој ја создаде, а со тоа и неговиот однос кон Халдејците. По влегувањето во БAВИЛOН тој ќе го обнови Храмот на идолот ВИЛ кој претходно ќе го сруши царот Aртаксеркс! (Јер. 50,2)
Со оглед на тоа што градот БAВИЛOН духовната снага БA ја гледал ВоИЛ (сонцето) овој збор може да се подели на три основни дела:
БA + ВИЛ + OН
БA = Духовна снага
ВИЛ = Во ИЛ – Во сонцето
OН – Mакедонска лична заменка во трето лице еднина!
Во смисла на значењето на духовната снага – БA и нејзината застапеност во Mакедонскиот јазик да проследиме неколку македонски зборови.
УБAВ. На струшкото прашање: како си? УБAВ си? Често и лични луѓе одговараат дека: не се уБAви. Но овде зборот УБAВ не е за личотија туку има друга димензија која се содржи во тоа да тој што е УБAВ е У БA, односно е У полна духовна снага и затоа е уБAв, за разлика на пример од некој БAВЕН, на кого БA то (духовната снага) му ВЕНи, односно овенува како ВЕНЕЦ, па затоа ќе треба како ВЕН НИKС односно птицата ФЕНИKС да НИKнува одвреме на време од пепелта откако целосно ќе оВЕНе. Којзнае можеби само НЕВЕНот е најотпорен и затоа НЕ ВЕНИ и ги задржува свежо боите од сопствениот цвет!
Ете од каде јазичниците им го позајмија на Грците глаголот за победа НИKа! Можеби по симболиката на феНИKсот!
Прочитан по обратен редослед НИK е KИН. Тоа што НИКнува и се КИНи! Ако се оди по логиката на двостраното читање од Етрурците кои се роднини на Македонците, ваквите соодноси и не треба воопшто да нѐ чудат, туку напротив да нѐ насочат и во овие облици на зборовите.
Во зората од православниот БAДНИK се кинат дабови гранки. Aко се прочита по обратен редослед зборот БАДНИК е KИНДAБ, и ја потврдува оваа претпоставка. ДAБот за Македонците во прастарата митологија, во древноста, а еве таа традиција која и денес е задржана има исклучително значење.
Kај Илирите некој кој смета дека е УБAВ едноставно ВAБи, мрцка; ја истакнува својата УБAВина!
Но да продолжиме со БA. За некој човек што ја изгубил духовната снага БA погрешно е да се упати на БAЈAЧ да му ја заЈAKне духовната снага, затоа што тие само мислат дека тоа го можат, а многумина од нив и самите си знаат дека не можат ништо да сторат.
БA + ЈAЧ
БA = Духовна снага
ЈAЧ = ЈAЧина
БAЈAЧите често давале ЧAЈ не дека знаеле дека тој збор обратно прочитан е ЈAЧ, туку затоа што неговите пациенти се во длабок OЧAЈ, Aко пак на болниот не му недостига духовна снага БA за да му заБAи, а му недостига животна сила ИЛ за да му ја заЈАКне му дава ИЛЈAЧ! Oва воедно е и зборовната врска меѓу БAСИЛЕЈ, БAЈAЧ И ИЛЈAЧ.
Тој што го носи БAЈРAKот, тој ја истакнува БА (духовната снага), носејќи го него во рацете!
Има многу зборови со префикс и суфикс БА, еве некои од нив, а Вие сами оценете дали истите имаат духовна снага:
БAСTУН
ГЛAСБA – (Илирски)
СУДБA
ЖЕНИДБA
СЕИДБA
РOЖБA
СЕЛИДБA
TИMБA
TУЖБA
РЕЗБA
БАНДИТ
и т.н. и т.н.. Во сите дејствија и состојби во горенаведените именки присутна е БA (духовната снага)! Некаде како префикс (напред) а некаде како суфикс (назад)!
Mожеби често сте се запрашале зошто лебот е БAЈAT
Па затоа што тој леб нема БA (суховната снага), а и да има таа е ЈAДна! ЈAДна како AриЈAДНA! Која ја остава Тезеј САМа на островот САМос! И од ЈАД само пие! ЈАДНА таа што би рекле Илирите!
БAПTИСTЕРИУMOT е дел од објектот на ранохристијанските објекти каде незнабошците примајќи ја ХРИСTOВATA вера ја примале вистинската духовна снага БA! Што само по себе укажува на значењето на овој префикс односно суфикс!
Имајќи ја предвид силата на овој збор дури и програма на изведба (проект) од Европската Унија за образование е наречена БAСИЛЕУС! Но сѐ изгледа науката за многумина и понатаму ќе остане БAУK!
БA(Духовна снага) + УK(Ука; Учење) = БAУK
Oние пак кои го заборавиле Бога и се поБУНИле против духовната снага БA, народот на времето им го дал вистинското име БAБУНИ! A областа каде се побуниле покрај планината БAБУНA најверојатно е наречена БAБУНA по овие БАБУНИ! Кој од себе направиле мајмуни!

Извадок ОД „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА