НАПРАВИ РОДОЉУБНО ДЕЛО – ПРОИЗВЕДИ ХРАНА – ВЕДНАШ!

НАПРАВИ РОДОЉУБНО ДЕЛО - ПРОИЗВЕДИ ХРАНА - ВЕДНАШ!

НАПРАВИ РОДОЉУБНО ДЕЛО – ПРОИЗВЕДИ ХРАНА – ВЕДНАШ!

Империјално-Колонијалниот непријател надворешен и внатрешен не сака вие како поединци, како семејства и во целина како народ да бидете независни. Потребата за моќ за искористување на туѓите ресурси со наметнување зависност НЕМА ГРАНИЦА. Што и да дадете наметнувањето потчинетост (со тоа и исцрпувањето на домашните ресурси) нема да заврши – уште повеќе ќе се зголемува. Нивото на колонијално искористување зависи од нивото на домашниот отпор.
Иако колонијалното потчинување првично се прави пред се́ заради исцрпување на домашните материјални ресурси, не завршува само на тоа. Во продолжение истото се користи и како уцена за напуштање на сопствените национални вредности како и човечките и духовно-верските доблести.

Во современите услови колонијалното потчинувањето оди кон употреба на најосновни (биолошки) видови на зависности кои создаваат најголемо ниво на потчинетост.

Ако “Кризата за Храна” е вештачки произведена, а се́ укажува дека тоа е така, тогаш НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ дека од било каде ќе дојде до НЕУЦЕНЕТО РЕШЕНИЕ ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ ЗА ХРАНА. Ниту од домашните власти, ниту од соседните држави, ниту од нашите „стратешки сојузници“ или од било која страна.

Во тој случај, во вакви услови САМО СОПСТВЕНОТО СЕМЕЈНО ПРОИЗВОДСТВО може ПРАВИЛНО ДА ЈА РЕШИ ВАШАТА СЕМЕЈНА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ПОТРЕБА. ДА ГО ЗАШТИТИ ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО, а со тоа и ВАШИОТ НАРОД.

Не можете да очекувате дека власта во било која колонијална држава меѓу кои Македонија со највисок степен на колонијална зависност ќе се грижи за она кое е потребно за одржување и напредок на еден народ и едно општество. Таа само ќе симулира дека нешто прави се́ додека не се најдете во целосно заглавена положба и целосно зависни од нив. А преку нив од нивните господари.
Не можете да се потпирате на очекувања дека некој од соседните држави ќе ни помогне. Тој кој ќе помогне засигурно ќе уцени со нешто што ќе биде многу поскапо платено од она кое што го дал. Во минатото секогаш било така, така би било и сега. А и како да помогнат соседните народи кога и самите се помалку или повеќе колонијално подредени.
Не можете да очекувате дека вашите соседи сограѓани ќе произведуваат храна, додека ти евтино ја купуваш од нив на трговиште (пазар). Од една страна лицемерно е, ако сите така себично мислат и очекуваат од другиот никој нема да произведува. А од друга и неодржливо. Недостатокот од храна ќе ги подигне цените и логично е дека производителите своите производи ќе ги продаваат настрана, односно онаму каде што најскапо ќе му бидат платени.
Па така за да не бидеш уценет, произведувај храна.

Затоа во овие услови единствениот ИЗЛЕЗ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО, а и за заедничкото добро е САМОСТОЈНО ПРОИЗВЕДУВАЊЕ ХРАНА. Ако почнеме да произведуваме храна тоа ќе го зголеми нивото на нашата граѓанска самостојност, ќе ја зголеми слободата на народните и граѓанските сили за негодување против злоупотребите на власта, што ќе одржува некакво ниво на попристојно општество.

Од сите страни стручните лица како и самите политичари навестуваат дека ДОАЃА ПЕКОЛ – ќе не удри криза од епски размери.

ЗАТОА НАПРАВИ СОВЕСНО И КОРИСНО ДЕЛО – ПРОИЗВЕДИ ХРАНА – ВЕДНАШ!