1902.09.14_Анастас Јанков – Повик кон Македонците за борба за ослободување

1902_Повик кон Македонците за борба за ослободување, Анастас Јанков

Повикот до Македонците за кревање востание е испратен Гроздобер 1902 г. од полковник Анастас Јанков и 28 внатрешни револуционерни раководители. Анастас Јанков роден во село Загоричани, Беломорска Македонија, полковник во бугарската војска, бил на страната на врховистичкиот комитет на ВМРО.

Важно да се издвои дека во повикот:
– се истакнува македонското етничко потекло на Македонците;
– раководителите на ВМОРО предводени од полковникот Јанков се повикуваат на „светската слава на Македонија;
– се споменуваат великиот Александар Македонски, Македонскиот великан цар Самоил, Крале Марко итн.;
– во нив течела Македонската крв, и „НИЕ треба да бидеме достојни нивни потомци и да ги запазиме нивните славни имиња“; и
– дека се говори за Македонците како за посебен народ, коишто пред сè треба самите да се изборат за својата слобода и национална независност.

 

„… Браќа!

Крвавата драма започна. Во нашето отчество огинот пламнал. Нашата должност е сите да се собереме под револуционерните знамиња и да си ја пролееме крвта за слободата на татковината.

Македонци!

Спомнете си за светскиот победник, светската слава на Македонија – великиот Александар Македонски; спомнете си за храбриот цар Самоил, за Македонскиот великан, убавиот Крале Марко, сеславјанската слава – оти во нив течела македонската крв; тие од небесните висини бдеат и го благословуваат започнатото наше свето дело. Нека бидеме нивни достојни потомци; да ги запазиме нивните светли и славни имиња; нека и ние го зачудиме светот со нашата храброст, памет и саможртвување; да го симнеме од себе срамниот јарем кој не загушува.

Браќа!

Огледајте се во околните слободни балкански народи и вие ќе видите, дека тие си ја добиле слободата само со потоци крв. Да го земеме нивниот пример. Слободата не се купува или подарува, таа треба да се извојува. Соберете се во дружини и напаѓајте го непријателот. Обезоружувајте го секој вооружен Турчин, а невооружените и тие кои ќе се предадат, поштедете ги и покажете се великодушни кон нив. …“

 

Посочил: Портал Македонска Нација