1500+_Охридската Архиепископија како македонска Црква

1500+_Охридската Архиепископија како македонска Црква

После падот на Самоил, повеќето архиепископи на Охридската Архиепископија биле од несловенско потекло. Сепак народот ја чувствувал како своја македонска Црква, така што често пати поглаварите на Архиепископија Охридска на Јустинијана Прима и на цела Вулгарија во насловите ја ставале и Македонија. Тоа се потврдува и од запишаното во овој исечок во кој како „македонски предели“ се внесени Скопје, Штип, Кратово, Кочани, но и денешните Ќустендил, Дупница, Софија, Смедерево, Пеќ, Скадар, Призрен, Подгорица, Цетиње, Никопол и други места.