1913.12.31_Политика – Открића Дим. Ризова

1913.12.31_Политика - Открића Дим. Ризова

Димитар Ризов: „Јас сум Македонец и нокогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија“.

Во статијата под наслов „Откритие на Димитар Ризов“ која на насловната страна ја објавува српскиот весник „Политика“ , се опишува „двете ноќи во кои е удрен темелот на српско-бугарскиот сојуз“ во Првата Балканска војна против Османлиското Царство.

Тогашниот бугарски амбасадор во Рим, Ризов раскажува:
„Во Белград останав само два дена со изговор да ги видам своите стари пријатели. И навистина, јас на тоа посветив два дена, меѓутоа двете ноќо, скоро до зората, бев во домот на г. Милован Миловановиќ, тогашниот претседател на владата и министер за надворешни работи.

Уште првото утро јас го посетив во неговиот кабинет и во неколку збора му кажав зошто сум дојден, потсетувајќи го дека ја прифатив мисијата охрабрен со разговорите кои ги водевме во Рим во 1909 година, кога тој дојде таму за да бара поддршка за српскиот протест против анексијата на Босна и Херцеговина. А тогаш разговаравме за српско-бугарски сојуз кој би бил на основа на автономија на Македонија и г. Миловановиќ се согласи со таа основа со резерва: ако автономијата се покаже практично невозможна, тогаш ние (Бугарите) да им дадеме на Србите дел од Македонија.

Сега тој побрза да ме увери дека не го променил своето тогашно мислење. И ние се договоривме, јас вечерта да одам во неговата куќа, каде после вечерата ќе разговараме. Но бидејќи тој не беше лидер ни на едната ни на другата радикална партија, го замолив да ги повика на разговор и радикалните лидери г.г. Пашиќ и Љуба Стојановиќ. И така бидна.

Во домот на г. Милованович

Првата вечер разговаравме до два часот после полноќ. Сите тројца ја прифативме идејата за сојуз со нескриено задоволство. Што се однесуваше до автономијата на Македонија, ниту еден од радикалните лидери не даде никаква изјава, бидејќи однапред му реков на г. Миловановиќ, дека ќе прекинам секаков разговор ако не се согласат со автономија како на претодната база на нашиот сојуз. Затоа веднаш преминавме на српските претензии за Македонија.

Меѓутоа пред да почнат разговорите за тоа, јас не пропуштив да им напоменам на своите соговорници дека јас не дојдов да водам, преговори за сојузот, туку само да сондирам, дали е возмжно да се направи сојуз за ослободување на нашите сонародници во Турска, додавајќи дека овој обид за таков сојуз ќе биде последен. Спред тоа, завршив јас, тие треба да ми ги кажат своите минимални претензии за Македонија, кои би послужиле како база за понатамошни преговори помеѓу нас.

После таа моја напомена, г. Пашиќ прв почна да зборува за тие претензии. Тој побара српско – бугарската граница во Македонија: источно од Варадар, да таа граница оди по коритото на реката Брегалница, а западно од Вардар да оди по линија која почнува од устието на Брегалница и оди до Охрид.

Иако ја знаев старата навика на г. Пашич да се ценка како менувач на пари, мене сепак ме вознемири таа негова изјава и јас доста изнервирано го потсетив дека тој во 1904 година, кога водевме преговори за сојуз со него лично, се согласи за автономија на Македонија, ако ние се согласиме да признаеме само скопскиот крај како дел кој влегува во Стара Србија. И сега кога се зголемуваат тие претензии би значело дека не се зборува озбилно. И јас почнав да се спремам да си заминам.

Меѓутоа, помирливо г. Милованович ме задржа со зборовите. – Па кажо ти што можете да ни дадете од Македонија? (Јас одавма бев со него на per tu).

Јас сум Македонец и јас на никој ништо не му давам од Македонија. му одговорив јас, и нокогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија. Повторувам, јас дојдов тука не да ја делам македонската земја и не дојдов да водам преговори за сојуз, туку да ги слушнам вашите последни услови за еден сојуз помеѓу Србија и Бугарија. Се што можам да ви кажам за овој случај дека не можете да најдете бугарски државник кој ќе се согласи да преговара за сојуз со вас, ако вашите претензии одат подалеку од реката Пчиња, источно од Вардар и подалеку од скопскиот крај западно од Вардар, т.е. ако вие претендирате и на други македонски градови освен Скопје, Куманово. Тетово и Гостивар.

После таа моја изјава зеде збор Љ. Стојановиќ, готово во ист дух како и г. Пашиќ, меѓутоа со тон по кој можеше да се насети, дека од српска страна не е кажан последниот збор по тоа прашање. Разговорот се продолжи доста долго и еден по друг ми беа остапувани Велес, Прилеп, Охрид и Струга. Сепак до конечен резултат не дојде. И ние се разотидовме, за да се состанеме уште еднаш, следната ноќ.

Влијание на г. Хартвиг

За утредента бев поканет на ручек заедно со својата жена кај рускиот амбасадор г. Хартвиг. Јас го посетив него уште првиот ден и знаејќи дека г. Пашиќ ќе го извести за мојата мисија, побрзав сам да му кажам зошто дојдов. Не пропуштив да го замолам да го употреби своето моќно влијание врз г.г. Пашиќ и Миловановиќ и да ги натера на умереност и попустливост по прашањето на српските претензии во Македонија.

После ручекот ги оставивме жените да разговараат, а ние сами се повлековме во кабинетот на г. Хартвиг каде што го запознав со текот на разговорите кои ги водев со тројцата српски државници. Г. Хартвиг ми соопшти, дека тој, по вчерашната моја молба веќе го повикал кај себе г. Пашиќ и му препорачал попустливост и умереност. Додаде дека нема зошто да се вознемирувам поради српските изјави и за нивните претензии, бидејќи Србите ќе бидат задоволни ако им го дадеме скопскиот крај. Заврши смешкајќи се: ‘Тие сакаат така да се ценкаат!’“

 

Посочил: Портал Македонска Нација