1922_Hermann Wendel – ‘Kreuz und quer durch den Slawischen Süden’, Frankfurt

1922_Hermann Wendel - 'Kreuz und quer durch den Slawischen Süden', Frankfurt

Херман Вендел во Ресен, 1920-тата…

„… Рој момчиња околу автомобилот…
– Добро, што си ти? – Запрашав едно од нив. Тој погледна срамежливо и неразбирливо.
– Тој е Турчин, викна хорот.
– Аха? (до хорот) А Вие?
– Македонци! – испукаа, како од пушка.“

На прашањето од патеписецот „што се“ одговорот бил: „Македонци!“

Херман Вендел (1884–1936) е германски историчар, политичар, публицист и патеписец. Вендел се пројавува како заштитник на Македонија и на нејзиното право на суверен живот во време кога фашизмот стапува на европската политичка сцена. Тој ја брани самобитноста на македонските Славјани. Жестоко го осудува бугарското присвојување на Македонија, поради што бил обвинуван дека се повел по гледиштата на српскиот научник Јован Цвииќ. Во низата статии, главно за феноменот на македонските Славјани, за кои Вендел смета дека се самобитна славјанска нација, видлива е неговата широка известеност за македонските состојби и добро познавање на веќе постојната литература за македонското прашање. Околу 1920-тата г. престојувал на Балканот, за што напишал и книга. Многу објективно ги опишува состојбите во Македонија во тој период. Во книгата опишува еден занимлив настан од својот престој во Прилеп, околу 1920-тата година.

„На мостот млади луѓе си играат, едниот не се срамеше запрашан:
– Јас сум Србин, но они (покажува на другите) дека се Македонци.
– Од каде си?
– Од Ниш.“

Понатаму, Србинот вели дека самиот тој е стар Србин, а другите се „нови срби“ (односно, допрва треба да станат „срби“).

 

 

Посочил: Портал Македонска Нација