Методија Андонов – Ченто

Методија Андонов - Ченто

Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците.

 

• 1940.12.18 •

Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца.

Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на нивниот мајчин српски јазик. Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека останат Македонци. Ако овој политички поредок не ни ги дава нашите политички и национални права за самостојност, ќе дојде ден, во една федеративна држава, кога оваа земја нема да се вика Јужна Србија, туку Македонија и ќе биде самостојна држава.