2021.10.19_ЕФА – ’Декларација за македонското малцинство‘, Брисел

2021.10.19_ЕФА - ’Декларација за македонското малцинство‘, Брисел
Европската слободна алијанса ЕФА усвои деновиве Декларација во Брисел со која ја повикува Европската унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик. Во документот стои:

Земајќи го во предвид извештајот за „Минимални стандарди за малцинствата во ЕУ“ од (2018/2036 (ИНИ)):

-Имајќи го предвид фактот дека Македонците се домородно население на територијата на Бугарија и Грција и поседуваат специфични културни карактеристики, одржуваат долгорочни и лојални врски со државата и се доволно репрезентативни иако помали по број од остатокот од населението на овие држави ;
– Имајќи предвид пред сѐ дека Македонците се силно мотивирани да го зачуваат она што го сочинува нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик;
– Имајќи предвид дека Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство според споменатиот ЕУ-извештај за минимални стандарди за малцинствата во ЕУ;
– Имајќи го предвид тоа, што Македонците се предмет на државно организирани систематски политики за асимилација, дискриминација и негирање на нивните човекови и малцински права;
– Со оглед на долгорочните антимакедонски политики на Бугарија и Грција од 19 век наваму, Европската слободна алијанса повикува:
1. Бугарија и Грција да изнајдат национален консензус за македонското прашање и да ја признаат својата одговорност кон македонското малцинство на нивна територија и со тоа да започнат да водат европска политика за малцинствата, и да им го дадат на Македонците целокупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата.
2. Бугарија и Грција, кои ЕУ ги смета за држави во кои владее правото, да дејствуваат како такви и да применуваат справедлив и недискриминирачки процедурален пристап кон прашањата што се однесуваат на домородните Македонци на нивната територија;
3. Бугарија и Грција да се охрабрат да формираат комисија за постојан дијалог со претставници на домородните Македонци со цел да започне процес за давање меѓународно загарантираните права и слободи.

4. Бугарија и Грција да ги променат своите политики кон македонската нација во духот на европските стандарди.

 

Извор: Весник на МД Илинден – Тирана