Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин – 03.05.1942 битолско с. Лавци)

Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин - 03.05.1942 битолско с. Лавци)

На 22 тревен 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 косар 1942 година одредот бил опколен од БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА војска и полиција.

Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето од БУГАРИТЕ, а потоа умрела.

За Народен херој е прогласена на 11 листопад 1951 година.

Опеана е и во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“.

„Таму ле мајко, близу Битола,
во ореовската густа корија,
Таки Даскалот смело загина
со неговата верна дружина,
со нив загина смела девојка,
млада Елпида Карамандова.“