Сила и Вистина – толкување преку древните монети

Сила и Вистина - толкување преку древните монети

ПРИЛОГ НА ДРЕВНИТЕ МОНЕТИ ВО ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИЛАТА И ВИСТИНАТА

 

Што е посилно силата или вистината? И силата и вистината отсекогаш оставале траги низ историјата. Tие траги не се некаде далеку или измислени, тие се наоѓаат сместени во нашите музејски витрини или се впишани во книгата на вечната вистина – библијата, како што следи:

  1. Во Солунскиот Археолошки Музеј се чува МАКЕДОНСКАТА кована монета тетрадрахма, датирана во 93-92 год. п.н.е. (под бр. 916 –1, а објавена во ексклузивното грчко пропагандно издание со наслов: “Македонците северни Грци“ издадено од Министерството за надворешни работи на Република Грција и нивниот Национален комитет – ИКОМ (сл. бр.1)

Смешно е грчкото толкување кое се однесува на натписот на задната страна (реверсот) од оваа монета дека под името АЕСИЛАС се крие името на чуварот на трезорот на монетите! На реверсот прикажани се четирите својства на моќта олицетворени во македонскиот збор.

С И Л А

А Е С И ЛЛ А С

На оваа монета на реверсот прикажани се:

  1. КОБАЛОТ; КОБЕЛОТ сад за вино, својство на богот на виното ДИОН!
  2. СУРОВИЦАТА атрибут на богот ХЕРАКЛЕ, олицетворение на грубата физичка сила!
  3. ПРЕСТОЛОТ и СКИПТАРОТ својство на БАСИЛЕОТ, симболи на царштината и моќта!

Сите овие три работи утврдуваат што е „најСИЛНО“ на светот, како што стои и во Светото Писмо Библија (втора книга Ездра 3 ) каде телохранителите на царот Дариј се договараат секој за себе да каже по еден збор што е најСИЛНО на светот. Штом смислиле, откако го напишале зборот, го запечатиле и му го ставиле на царот под перница. За кога ќе стане царот да одлучи чиј поим е најумен како најсилен!

Првиот напишал : “Од се најСИЛНО е ВИНОТО.”
Вториот напишал : “НајСИЛЕН е ЦАРОТ.”
Третиот напишал : “ПоСИЛНИ се жените, но над сѐ однесува победа ВИСТИНАТА”.

А премудриот Цар ќе рече:

„… Неправедно е виното, неправеден е царот, неправедни се жените, неправедни се и сите човечки синови, па и сите нивни работи се такви: нема вистина во нив, и тие ќе загинат во неправдата своја,
В И С Т И Н А Т А победува и останува СИЛНА засекогаш, живее и владее од века до века!

Дека виното дава сила согласно изјавата на првиот телохранител доказ е и монетата која исто така се чува во солунскиот музеј. На монетата прикажан е СИЛЕН со ОИНОХОА (ВИНOKOФA)! (види сл. бр.3)

– ОИНОХОА (види сл. бр.5) означува сад – КОА (кофа) за оино – ВИНО; што би се рекло ВИНОКОА

Клучни зборови се именките ВИНО и КОФА.

На грчки одомаќинет збор е КРАСИ па спојот за овој збор би била КРАСИ КУФАДЕС. Под услов и овие зборови да не се објаснуваат со македонско зборокоренувачко (етимолошко) толкување. Грчкото име за вино КРАСИ е увоз од описната именка КРАСИВО што на Руски значи црвено. Сигурно некој Русин своевремено бил на печалба во Атина и по враќањето во Русија на сите им наредил за црвена боја да викаат КРАСИВА. Црвената боја кај Македонците е една од основните бои со кои се уКРАСуваат и носиите и предметите. А вториот збор што на македонски значи КОФА произлегува од материјалот Метал од која е исКОВАна КОФАта!

Клучен збор во овој случај е глаголот КОВА!

Погледнете ја насловната страница од AБЕЦЕДAРOT (сл. бр.4) издаден во 1924 год по налог на тогашната Лига на народите со која Грција се обврзува да го користи меѓу Mакедонците за изучување на македонскиот јазик. A токму и на Грците AБЕЦЕДAРOT им дава одговор зошто OИНOKOATA е направена од KOAч!

Ако пак тргнеме и по значењето на КОВА ќе заклучиме дека се работи за извршување на слично дејствие со некој што КОПА! Меѓутоа нашите умни предци знаеле со мали промени во звучноста на согласките да извлечат најмногу (максимум) значења за зборовите и изразите. Така во случајов гласолот КОПА, да го преобразоат во КОВА!

Одиме понатаму, кој збор е постар КОПА или КОВА? Занимливо прашање нели! Јас без поголемо размислување би рекол дека постар збор е глаголот КОПА! Зошто!? Тргнувам од претпоставката дека кога човекот почнал да копа не копал од почеток со метален исКОВАн копач туку првично тоа биле рогови од животни или нашиленото дрво во облик на копје! И Врвот од КОПјето И КОПата за сено имаат ист облик!

Занимливо е што овој мој заклучок дека оинохоата (винокофата) е добиена со ковање доби потврда по неколку месеци откако оваа слика од Атичка црвенофигурална керамика (сл. бр.6), ја пронајдов поместена во Полско издание посветено на древната материјална култура.

Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР„
Илија Ристески