1945.08.15_US Military Intelligence Service Center – Hermann Neubacher, PIR no.51

1945.08.15_US Military Intelligence Service Center - Hermann Neubacher, PIR no.51

Ова е записникот од Нирнбершкиот процес против високо-рангираниот нацистички дипломат Херман Нојбахер ја открива силната врска на крвникот Ванчо Михајлов со германскиот нацистички врв.
Така според исказот во записникот Нојбахер, Ванчо Михајлов го нарекува љубимец на неговиот подреден Калтенбрунер (Ernst Kaltenbrunner, австриски СС старешина, главен извршителен организатор на холокаустот) со кого имале чести средби. Во 1943 година Калтенбрунер на Ванчо Михајлов му организирал средба и со Хајнрих Химлер (Heinrich Himmler, најблизок соработник на Хитлер) кој го поддржувал ВМРО.
Крвникот бил планиран да биде искористен за да организира воена сила која би била спротивставена на комунистите од Балканот, во просторот на Македонија и нејзината околина.

Според општото мислење како што михајловистичкото ВМРО поради народот пред јавноста се претставувал, така и од записникот се дознава дека нацистите исто така сметале дека ВМРО на Ванчо Михајлов се борело за Голема Македонија, што било поддржано и од Рибентроп (Joachim von Ribbentrop, нацистички Министер за Надворешни Работи) за создавање на Македонска држава поврзана со Бугарија.

 

 

Бугарската Влада се пожалила за поддршката кон (михајловистичкото н.з.) ВМРО.Рибентроповото страсно верување во (корисноста од создавање на н.з.) македонска држава довело до наредба во есента 1944, во предвечерието на германското повлекување за креирање на независна Македонија. Соодветно Нојбахер презел чекори за во Скопје да се организира самоуправен македонски комитет, чија што вистинска задача била да се посвети на безбедносните мерки против комунистичките партизани. Михајловистичката непопуларност била очигледна, и не било можно да се најде било кој кој има волја него да го претставува во новиот комитет. Делувањето на ВМРО прекинало како што Германците ја напуштиле Бугарија, покрај широките мерки преземени од Рибентроп и Калтенбрунер во пресрет на германското повлекување“.

 

Посочил: Форум Македонска Вистина