1934.01.17_New York Times – Macedonian leader seeks conciliation, p15

1934.01.17_New York Times - Macedonian leader seeks conciliation, p15

Македонскиот лидер бара помирување

Софија, 16 коложег – Иван Михајлов, лидер на македонската револуционерна организација издаде вечерва прокламација, која се сфаќа важно како доказ за намалување на тензиите кои постојат меѓу Бугарија и нејзините соседи. Михајлов, горчлив непријател на Југославија и Грција, може да биде задоволен бидејќи е направено одредено настојување неодамна од Белград и Атина за да дојде до подобро разбирање меѓу Бугарија и Македонците.

Македонскиот комитет беше принуден да плати цена за политиката на национализација на Македонците кои живеат под владеењето на Југославија и Грција со чисти револуционерни методи“, стои во прокламацијата. „Ако Белград и Атина се подготвени да гарантираат културна и политичка слобода на нивните македонски малцинства Македонскиот револуционерен комитет ќе го поздрави тоа како обид за разбирање меѓу балканските држави. Ако тоа не го направат Македонскиот револуционерен комитет ќе биде принуден да продолжи со сегашната политика“.

Декларацијата на Михајлов се сфаќа како прв знак дека македонските револуционери се подготвени да промовираат заклучок за идниот балкански пакт.

Посочил: loza.mk (http://loza.mk/2015/05/софија-како-македонска-воена-зона/)
Извор: Весник New York Times