1941.08.30_The Voice of Victory – The man who murders for Von Ribbentrop, Hobart, Australia

1941.08.30_The Voice of Victory - The man who murders for Von Ribbentrop, Hobart, Australia

Човекот кој убива за фон Рибентроп (Joachim von Ribbentrop)

Во написот пишува дека дури и службениците на Германската Деловница за Надворешни Работи кои биле научени на постојани посети од закрвени “водачи” биле запрепастени кога еден ден во пролетта 1940 година во посета на нивниот шеф дошол Иван Михајлов, сојузник на Павелиќ и глава на ВМРО.
Оваа организација, изворно подземно движење кое работело во прилог на Македонската независност, после светската војна се развило во наглорастечко опасно жариште од атентати и тероризам.
“Од сета листа на убијци на Хитлеровата листа на посетители, Михајлов е најбруталниот и најладнокрвниот“.
Во продолжение се опишува неговото крваво делување во Бугарија, каде бил заштитуван од цела мала војска на свои следбеници. По негова наредба биле убиени 115 луѓе од поддржувачите на неговиот претходник.
На крај се споменува дека имал издадено напис Слобода или Смрт, во кој се обидувал да ги оправда своите крвави дела.

 

Посочил: Форум Македонска Вистина