Големи групи на Македонци и Бугари, во меѓунационална омраза, жестоко се тепале меѓу себе за национална навреда. Македонците и Бугарите не биле и не можат да бидат ист народ. Тоа се два културолошки блиски, но по менталитет многу различни народи, кои често пати, се во меѓусебен судир, кога ќе се најдат заедно.
„… Македонци физички се пресметаа со Бугари
Расна омраза, поттикната од дискусија за неважна работа, во неделата наутро, предизвика немир во Американската челичарница во Гранит Сити, Илиноис при што шестмина беа сериозно повредени, а десетина други добија скршени носови и модрици околу очите.
Неколку месеци имаше интензивно ривалство меѓу Македонците и Бугарите вработени во големите фабрики во Гранит Сити. Изливот во неделата произлезе од забелешка направена од еден Бугарин во петокот навечер, која Македонците ја сфатија како намерна навреда и понижување.
Поради празникот за Абрахам Линколн, леарниците беа затворени во петокот, и многу од работниците ја поминаа вечерта во локалниот салон. Американскиот патриот Абрахам Линколн беше споредуван со Борис Сарафов меѓу странците. Жорж Ченовски, Бугарин, се приближи до групата Македонци кои дискутираа на таа тема. Тој внимателно го слушаше нивниот разговор и по некое време стана и извика на глас:
“Линколн беше голем човек, патриот кој направи нешто. Вашиот одметник Сарафов не беше. Линколн рече дека ќе ги ослободи робовите и го направи тоа. Сарафов рече дека ќе ги ослободи Македонците-робови, но не го направи тоа.”
На оваа забелешка Македонците премногу се разгореа од гнев. Тоа беше голем удар за нивниот национален херој и нивното самопочитување. Со зборовите “македонски робови,” Бугарот беше разбран дека ги омаловажува Македонците и дека Македонците се измеќари на Турската Империја.
Посмирените глави спречија борба во салонот таа ноќ, но “навредата” беше широко дискутирана. Бугарите го поддржаа својот сонародник, додека Македонците жестоко го осудија.
Во саботата навечер, работниците беа молчаливи додека работеа на печките. Но, нивниот гнев беше толку жежок колку и огновите што ги потпалија. Македонците не комуницираа со никој освен со своите сонародници, додека Бугарите исто така беа подеднакво групирани.
Кога заврши смената во неделата наутро, работниците излегоа од фабриките, групирани под своите водачи.
Пред двете групи да ги напуштат фабриките, започнаа проблеми. Во секунда, раздорот стана отворена физичка пресметка: одеднаш почнаа да летаат камења, извлечени беа ножеви, луѓе се бореа со тупаници и черепи. Во три минути, 200 од нив се бореа во пресметка која, ако не беше општо отсуство на огнено оружје, ќе беше борба до смрт.
Специјалниот надзорник Џ. Гибсон и Д. Менспикер, трговец кој поминуваше по дворот, телефонски ја повика полицијата да интервенира.
Неколку моменти подоцна, бугарскиот водач на вработените, Јаковаски, падна, викајќи на своите пријатели дека е убиен. Ова ја запре борбата.
Бугарите се собраа околу својот паднат водач. Го подигнаа човекот и брзо го однесоа до неговиот дом во “Гладниот Холов”. Македонците ги собраа своите повредени и брзо исчезнаа.
До моментот кога се појавија полицајците, странците се разотидоа. Никој од нив не сакаше да даде информации за инцидентот на полицијата.
Беше повикан лекар да го посети Јаковаски, кој рече дека човекот е сериозно повреден. Ударна рана на грбот и удар од камен по главата го направија делумно несвесен. Може да умре.
Јаков Кронзев беше избоден во страната со долг нож. Хирурзите кои го прегледаа не можеа да го утврдат видот на раната, но веруваа дека е опасна.
Барца Конрев беше избоден во грбот и расечен преку горниот дел од главата. И тој е опасно повреден.
Иван Бонзи беше избоден во главата. Тој беше несвесен долго време и можеби ќе умре.
Леополд Конри претрпе рана на скалпот долга два инча од удар со камен, а друг бугарски работник, чие име не е познато, доби две посекотини од слична причина.
Десетици други беа повредени повеќе или помалку сериозно од камењата и ножевите што летаа. Странците се толку резервирани за настанот што е невозможно да се дознаат нивните имиња и адреси.
Инаку, Сарафов, познат лидер на банда, стекна меѓународна слава пред неколку години со киднапирањето на мис Елен М. Стоун, кој бараше откуп од 65.000 долари—пари што ги искористи за македонската кауза за слобода. …“

Посочил: Ash W.
Извор: newspapers.com

