Македонска група се распушти
Софија, 4 златец – Протоѓеровистичката група на македонските револуционери денеска издаде проглас со кој го објави своето доброволно распуштање. Одлуката очигледно е донесена под влијание на премиерот Георгиев. Соперничката група, која ја предводи Иван Михајлов и која за време на режимите на Цанков и Љапчев преовладуваше со македонското движење и речиси ги отстрани протоѓеровистите со постојани убивања, сега е под жестока репресија од новиот диктаторски режим.
…
Многу водачи на михајловистите се затворени, а самиот Михајлов се крие во планините. Неговите приврзаници беа разоружени, а неговата организација распуштена. Стручните за македонското прашање се сомневаат дека македонското револуционерно движење, кое ги надживеа турскиот, грчкиот и српскиот прогон, ќе остане распуштено од новиот бугарски фашистички режим.
Посочил: loza.mk (http://loza.mk/2015/05/софија-како-македонска-воена-зона/)
Извор: Весник New York Times