1934.05.29_New York Times – Macedonians clash with police in Sofia, p9

1934.05.29_New York Times - Macedonians clash with police in Sofia, p9

Македонците се судрија со полицијата во Софија

Софија, 28 мај – Во првата јавна демонстрација откако беше воспоставен бугарскиот диктаторски режим, 20 Македонци денеска беа повредени во судирите со многубројните полициски сили. Судирот се случи за време на годишната прослава на честа за Македонците, кои умреа во минатиот век за македонската слобода. Дваесет илјади Македонци и нивните бугарски пријатели учествуваа во церемониите под будно око на полицијата и војската. По литургијата во црквата „Свети Јозеф“ и покрај наредбите на полицијата и македонските штабови, групата формираше процесија, ја пееше македонската химна и маршираше кон царската палата за да демонстрира.

Полицијата беше немоќна да ја раздвои групата, која ги блокираше сите главни булевари и извикуваше: „Долу со предавниците на Македонците“. Потоа следеа судирите. Полицијата ги конфискуваше сите негативи од фотографиите што беа направени за време на демонстрациите.

 

Посочил: loza.mk (http://loza.mk/2015/05/софија-како-македонска-воена-зона/)
Извор: Весник New York Times