Многупати повтореното раздвојување на Македонците и Грците како одделни народи, со истакнување на почетокот од римскиот стадиум од нивното постојано и вечно непријателство.
Историја на Рим
From the Union of Italy to the Subjugation of Carthage and the Greek States
(Од унијата на Италија, до потчинувањето на Картагена и на грчките држави)
Поглавје 10
Трета Македонска војна
За Филип Втори Македонски се говори дека неговите соседи во Грција и Тракија, се главно заедници кои некогаш трепереле од МАКЕДОНСКОТО ИМЕ не помалку отколку сега што треперат од римското. Празната ароганција и навредливиот антимакедонски патриотизам на Хелените од овој период довел до големи жалби на Грците упатени кон Римјаните против Македонците.
Рим предводи грчка коалиција против Македонија
Со помош на стариот грчки антагонизам кон Македонија и на новите дејствија на непромисленост и неправда за кои наводно бил виновен Филип, на римскиот адмирал Левин не му било тешко да организира против Македонија коалиција на средните и помалите сили под протекторатот на Рим.