1902_Повик кон Македонците за борба за ослободување, Анастас Јанков

1902_Повик кон Македонците за борба за ослободување, Анастас Јанков

Повикот до Македонците за кревање востание е испратен Гроздобер 1902 г. од полковник Анастас Јанков и 28 внатрешни револуционерни раководители. Анастас Јанков роден во село Загоричани, Беломорска Македонија, полковник во бугарската војска, бил на страната на врховистичкиот комитет на ВМРО.

Важно да се издвои дека во повикот:
– се истакнува македонското етничко потекло на Македонците;
– раководителите на ВМОРО предводени од полковникот Јанков се повикуваат на „светската слава на Македонија;
– се споменуваат великиот Александар Македонски, Македонскиот великан цар Самоил, Крале Марко итн.;
– во нив течела Македонската крв, и „НИЕ треба да бидеме достојни нивни потомци и да ги запазиме нивните славни имиња“; и
– дека се говори за Македонците како за посебен народ, коишто пред сè треба самите да се изборат за својата слобода и национална независност.