1895_Атанас Раздолов, Песни

1895_Атанас Раздолов, Песни
Македонскиот револуционер и поет Атанас Раздолов е роден 1872 година во Берово, Малешевија, во семејството Топаловци. Разочаран од неуспесите на борбата си го одзема животот во 1931 година.

Подолу е содржината од една негова македонска родољубна поема.

“Песните на востаникот”
Така въ сърцѣто македонско
да вѫзгласимъ ний борбата,
срѣщу племе анадолско
да развиемъ знамената.
Нѣкъ покажѣмъ на турчина,
на цинцаря и на гърка,
на бѫлгарина, на сѫрбина
и на всѣки що ни бръка.
Че не ламтимъ за корони,
за царщина и за слава,
не щем да смѣ ний барони
в македонската държава.
Но сѣ трудимъ да въведемъ
братство, равенство, свобода!
Трудимъ сѣ да създадемъ
любовъ мила в народа!
Трудимъ сѣ и вярвамѣ
че въ борбата ще успѣемъ:
надеждата не губимѣ
скоро пѣсенъ ще запѣемъ.
Атанас Раздолов 1895 г.
Атанас Раздолов е писател на статии, стихови и брошури со теми од револуционерната борба. Дел од неговите брошури по специјални писмоносци биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата. Најубавата негова стихотворба „Револуција“ тој ја посветил на револуционерното движење во неговиот роден крај – Малешевијата.
Неговата книга „Иднината на Балканскиот Полуостров“
Организацијата која роди и прати на смрт илјада достојни посветени борци на слободата и правдата со години напразно се мачи да докаже дека единствен спас за Македонија е нејзиното автономно управување. Но разните кралеви и цареви (се мисли на Србите, Грците, Бугарите), тоа автономно управување најмногу не сакаа го чујат. Секој од нив сакаше да ја издигне својата големина, и да завладее со Македонија. И токму кога беше Македонија пред прагот на своето автономно управување, се создава една крунисана глутница од ѕверови со човечки образи. Таа глутница наречена “Балкански сојуз” сврте се надолу, го потопи полуостровот во крв и го посеа со човечки трупови и Македонија раскасана, изнасилена, ограбена стана нова маченица на културни угнетители… таа сега се нарекува по името на своите грабители: “Нова Србија”, “Нова Грција”, и “Нова Бугарија” , се ново и оковано со нови…