1933.08.03_Весник „Македония“

1933.08.03_Весник „Македония“
…По повод 30-годишнината од Илинденското македонско востание, и 40-годишнината од МРО, во градот Горна Џумаја со македонска прослава се одбележува настанот, со споменикот и симбол на таа македонска борба за слобода, Македонскиот Четник. Со 5000 присутни, започна панихида за паднатите борци како и молитва на неврокопскиот митрополит Макариј заедно со уште 30 свештеници за живите борци. Меѓу другото, Неврокопскиот митрополит Макариј го даде следниот говор пред присутните:
„Браќа и Сестри
Благослов и слава за оние кои ја дадоа идејата за изградба на споменикот. Благодарност и чест кон тие што достигнаа неговото осветување да се случи на овој голем ден – Илинден.
Браќа и Сестри,
Пред 40 години се поставија основите на ВМРО. Пред 30 години организацијата ја создаде големата Илинденска Епопеја – Илинденското Востание. Цели 40 години ВМРО се бори за слободата на Македонија, и таа нејзина чест 40 години го држи отворено пред светот македонското прашање и ќе се бори до постинување на идеалот ”Слободна Независна Македонија”. Пред 30 години, 30 000 Македонци се бореа 3 месеци со 200 000 турска армија и направија маса подвизи, зазедоа села и градови. Многу места беа опожарени и се загубија многу жртви. Востанието беше задушено, но тоа ги даде своите резултати…“