1902.12_Македонско Ослободително Дело – Дончо Војвода со рускиот вицеконзул

1902.12_Македонско Ослободително Дело - Дончо Војвода со рускиот вицеконзул

Дончо војвода: „Македонците покрај пушката и Бога, се надева најмногу на Русија“

Во декември 1902 година Тодор Хаџи Тошев од Прилеп публикува еден разговор на рускиот вицеконсул во Пловдив Сергеј Андреевич со македонскиот ајдутин и революционер Дончо војвода од село Палат, Поринска Македонија. (“Разговор на Пловдивския руски вице-консул г. Сергей Андреевич с Дончо войвода в Кюстендил”, публикувано в сп. “Сборник от Турските Зверства и Македонското Освободително Дело”, книга II, София, 1902 година“)

Во месечно илустровано списание на Хаџи Тошев, кое излегува во рамките на “Библиотека Македонија“, во објавениот разговор кој се води меѓу руски вицеконзул Сергеј Андреевич со Дончо војвода во Ќустендил, меѓудругото на страна 12 пишува:

“- Каде си бил до сега г-дин Дончо?

– Сум бил и ќе бидам во Пирин Планина г-дин конзуле. Таму се борам и ќе се борам со Турците додека не се ослободи Македонија. Да живее Русија! Са живее цар Николај! И Вие да живеете!

– Ами, кој ве праќа таму?

– Кој не праќа? – Ние си одиме сами. Народот нека е жив, тој не гледа, како своите очи. Ако народот не не сакаше, како ќе можев јас да живеам толку години со моите момчиња? Пирин планина мие како куќа.

– Ами, зошто не останавте и за време на зимата таму?

– Лани цела зима сум поминал во Македонија, но сега не ни стигнаа патрони, па дојдовме да купиме. Ама штотуку дојдовме на граница бугарските војници не фатија и не донесоа тука под стража …. До сега Турчин не се доближил до мене, а сега нашите браќа да не пречекаат така студено! …. туку нејсе! и ова ќе се претрпи!

– Ами од кого баравте да го земете потребното? Кој ви го набавува и кој дава пари за тоа?

– Самиот македонски народ, г-дин конзуле, си дава пари за пушки и патрони. Доверливи луѓе ги купуваат од Австрија. Еве и сега ни дојде абер оти од Австрија пристигнале патрони и пушки и ние сме пратени да ги земеме. Ама несечени Турци не гонат, земјата ни е сиромашна со пари, па одозгора и не интернираат. Зошто? – Госпо знаи…

Дончо привршува со зборовите: „Македонците покрај пушката и Бога, се надева најмногу на Русија“ … „Да живее рускиот цар! Да живее Бугарија! Да живее слободна Македонија!“

Од разговорот со рускиот вицеконзул, видливо е дека Дончо војвода се чуствува Македонец и прави разлика меѓу меѓу двата братски народа, македонскиот и бугарскиот народ. Впрочем тој ги следи стапките на својот татко Златко Војвода, кој бил ајдучки лидер и учесник во Кресненското (Македонско) и Разлошкото востание.

Инаку, Андон Златков Томов, познат како Дончо Војвода, Палатски, Арамијата и Пирински цар, е македонски ајдутин, револуционер, Петрички војвода на ВМРО и член на бугарското Народно собрание. Тој е роден во 1865 година во планинското село Палат, Пиринска Македонија. Завршил четврто одделение во Дупница, каде што се преселил неговиот татко. Од 1884 година дејствувал со чета од Пирин и Малешевската планина и првично се занимавал со ајдутство, Како и сите македонски ајдути со својата чета почнува и револуционерни активности. Учествувал во четничката акција на Македонскиот комитет во 1895 година.

Во 1901 година, под влијание на Стојко Бакалов, тој се приклучил на ВМОК, Неговата чета е поддржана со храна, облека и вооружување од Ќустендилското Македонско друштво. Војвода е на чета во Горноџумајското востание во 1902 година.

За време на Илинденско-Преображение во 1903 година дејствува со четата во Серскиот револуционерен округ, а по востанието останал во Петричко и ја продолжил борбата со Турците.

Во текот на Балканската војна во периодот 1912-1913 година, Дончо Војвода бил на чело на доброволната чета № 42, које е дел од Македонско Одринско ополчение, со бројност од 92 четници. Делува во Петричко заедно со четите на Никола Герасимов, Лазар Делев и Тане Николов, Тој се бори во клисурата Рупелско дефиле, Сенокос, Градево и др. Во исто време, четите на Дончо Златков и Јане Сандански влегоа во Солун.

Во 1914 година Златков бил избран за народен пратеник на Петричкиот регион во 17-та Национално собрание од Либералната партија (радослависти). Умира на 2 октомври 1918 година во Дупница.

Многу години потоа, архивата на војвода била откриена при уривање на неговиот дом во селото Палат. Таа му се предаде на Регионалниот историски музеј во Благоевград во 1971 година. Документите од архивата, на број 1109, соддржат писма, белешки, наредби, белешки, списоци, адреси, протоколи, окружни, акти, сметки, извештаи и др.

 

(извор: http://www.strumski.com/books/Razgovor_s_Doncho_Vojvoda.pdf)