1907.09.02_The Forthightly Review; vol82 less 489

1907.09.02_The Forthightly Review; vol82 less 489

Зборот Бугар значело селанец, прост човек, а не припадник на народ. Така што обичниот народ, селаните кај разни народи биле нарекувани Бугари. Во ова дело од 1907 година се пишува за тоа како во некои случаи Србите биле нарекувани Бугари. Така што ова создавало забуни при определувањето на Македонците кога тие се кажувале Бугари, мислејќи да кажат за себе дека се селани. Истава проблематика со толкувањето на зборот Бугар се среќава и во други книги.

„… БАЛКАНСКИТЕ ПРОБЛЕМИ.

Во Далмација, каде што нема ниту еден Бугарин, националните балади и песни, рецитирани или пеени од српски селани се нарекуваат „бугараштици“. Зборот очигледно нема никаква врска со националното и народносното (етничкото) име на Бугарите, и веројатно е србизација на латинскиот збор „Вулгар“, значејќи песни рецитирани и пеени од „обичниот народ“.
Се разбира, случаевите кога зборот „Булгар“ значи понекогаш занимање, а не националност, го зголемува македонскиот метеж (конфузија н.з.). Ниту е изненадување тоа што Бугарите од Кнежевството го огласуваат за етнички Бугар секој Македонец кој за себе вели дека е Бугар, иако тој може да мислел со тоа да каже само дека тој е земјоделски работник, селанец. Но она кое ние Србите би предложиле е следното: дека новиот попис на македонското население треба да биде изведен од Европска научна комисија и дека таква Комисија во секој случај треба внимателно да истражи што Македонскиот Славјанин навистина мисли кога тој вели дека тој е „Бугарин“ …“

 

Посочил: Macedonian Agema