1933.06.26_New York Times – Bulgaria Isolated During 19-Hour Round-Up; Every House Is Searched for Revolutionaries, p1

1933.06.26_New York Times - Bulgaria Isolated During 19-Hour Round-Up; Every House Is Searched for Revolutionaries, p1

Бугарија се изолира на 19 часа: секоја куќа беше пребарана по револуционери

Софија, 25 жетвар – Бугарија беше отсечена 19 часа од остатокот на светот за да ѝ се овозможи на владата да преземе силна акција против двете македонски револуционерни групи. Бројот на неодамнешните убиства како резултат од нивното ривалство, предизвика сериозна тревога.

Од 3 часот ова утро беше прогласена опсадна состојба според законот што беше усвоен во парламентот минатата ноќ. Жителите на Софија пред 10 часот вечерта беа предупредени да не ги напуштаат своите домови. Не работеа ни трамваите ни автобусите. Сите кафеа и ресторани беа затворени. Телефонските и телеграфските комуникации со надворешниот свет беа прекинати.

Секоја зграда и куќа во градот беше пребарана во потрага по оружје и убијци. Голема група притвореници постојано маршираа кон затворите. Возовите беа запрени пред градот од воени трупи кои го спречуваа секого да влезе или излезе од градот. Слични акции беа преземени и во другите поголеми бугарски градови.

Посочил: loza.mk (http://loza.mk/2015/05/софија-како-македонска-воена-зона/)
Извор: Весник New York Times