1903.10.10_Richard Caton Woodville – ’La Bulgarie et l’insurrection Macédonienne‘

1903.10.10_Richard Caton Woodville - ’La Bulgarie et l'insurrection Macédonienne‘

Цртеж на кој што се гледа негативниот однос на бугарската војска спрема македонските чети кои сакаат да влезат во Бугарија после разбивањето на Илинденското Востание.

Настанот се одигрува најверојатно на реката Џума и на цртежот јасно се гледа како војниците на граница ја пресретнуваат четата. Неколку четници се повредени, другите биваат разоружани и заробени, а дел од четата под оган се враќа назад во Македонија.
Во тоа време во Македонија има околу 250 илјади аскер и уште 150 илјади нерегуларни сили, башибозук, а границата е целосно запечатена со употреба на голем број на војници и странски воени советници. Така што четите кои во крајно тешки услови стигнувале до бугарската граница, најверојатно со секојдневна борба, за на крај да бидат разбиени од страна на бугарската војска и присилени да се враќаат назад на територија под непријателско владение и со тоа во речиси сигурна пропаст за поголемиот број на борци.

 

Посочил: off.net.mk