1924_Крсте Петков Мисирков – Македонецот

1924_Крсте Петков Мисирков - Македонецот

„… К. Мисирков – македонец

Мислата ми е за денационализацијата на македонците во “Јужна Србија”, за нивното посрбување. Тоа прашање е од значење и за нас, македонците, и за србите, и за вас, бугарите и за европската дипломатија и општествено мнение.

Ние се гордеме со св. св. Кирил и Методиј, со св. св. Климент и Наум. Тие се нашите пророци, светци, просветители и изразители на македонскиот народен дух, на македонската национална култура, по-стара од српската со 400-500 години. Св. Сава е српски светец, заклет непријател на независноста на Македонија.
Ние не можеме и не сакаме да го почитуваме, и неговиот образ во македонско училиште или македонска црква е едно ужасно насилие над националното и религиозното чувство, над свеста на македонецот. …“

Се чини дека најистакнатиот македонски национален просветител Крсте Мисирков овде го применува методот „ти кажувам ќерко, сети се снао“. Кога вардарскиот дел е под српска власт, ги критикува Србите, па дури и Св. Сава, ама зошто, затоа што биле противници на македонската независност, а истовремено вели и вие Бугарите.