2020.12_Елена Мироненко – Единая вера, единый язык (документарен филм)

Во документарниот филм „Една вера, еден јазик“ се вели дека браќата Кирил и Методиј немаат никаква врска со Бугарија, која не е ни претставена како книжевен и православен центар на Балканот во IX и X век.

Во филмот е прикажана карта на Југоисточна Европа од IX век, на која Бугарија не е ни означена. Покрај зборовите „Македонија е родното место на словенската азбука“, нараторот зборува дека сите древни духовни текстови на Русија, Украина, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија се напишани на црковнословенски, кој потекнува од Македонија.

Според филмот, руско писмо имало и пред глаголицата, а во Херсон двајцата браќа се запознале со ова руско писмо бидејќи им било потребно за да ја создадат новата азбука. Така се сугерира дека Кирил и Методиј лично ги поставиле темелите на „Третиот Рим“ – Москва.

Во „Една вера, еден јазик“ има приказна за Климент и Наум, кои го основале првиот голем словенски универзитет во Охрид. Иста така се вели дека „од Охрид доаѓа православната вера, која ги обединила словенските народи – Русите, Украинците, Белорусите, Бугарите, Србите и Македонците“.

 

Посочил: Весник Илинден