1821 « 1962_Notis Botzaris – ‘Visions Balkaniques Dans la préparation de la révolution Grecque 1789-1821’, pg.149, Geneve

1821 « 1962_Notis Botzaris - 'Visions Balkaniques Dans la preparation de la revolution Grecque 1789-1821', pg.149, Geneve

Грчкиот академик Нотис Боцарис во својата книга „Балканските визии во подготовката на грчката револуција 1789 – 1821“ цитира историски извор од 1821 година во кој Македонците се наведени како засебен народ, одделeн од Грците, Србите, Албанците и Романците. Боцарис во книгата ги опишува напорите на тајната грчка револуционерна организација Филики Етерија (Друштво на пријатели) – основана во 1814 г. во Одеса со цел да воспостави независна грчка држава – да ги вклучи Србите, Бугарите но и Романските бојари од тнр. кнежевства во своите делувања против Отоманското Царство. Така, во преговорите меѓу претставници на Филики Етериа и Романскиот револуционерен водач Тyдор Владимиреску, постигнат е договор за соработка во осум точки (познат и како Букурешки мировен договор од 1821 г.). Во точката број 5 од договорот се вели: – „Секоја предност, придобивка или загуба (што Бог ги чува) која би произлегла од нашиот потфат би се споделила братски меѓу нас, онака како што самите апостоли сè споделувале заеднички. Затоа никој не смее да се осмели, со двосмислени зборови или постапки, да сее интриги, како на пример, Романците да им бидат потчинети на Албанците, ниту пак Албанците на Грците, ниту Грците на Србите, ниту Србите на Македонците, но сите мораат да работат заеднички и обединети според должноста што ни е наметната со овој договор“. Преводот на документот на германски се чува во Букурешт (A. Otetea et Documente privind istoria Rominiei – Rascoala din 1821, Vol. I, p. 193-194).

 

Посочил: Macedonia: a True Endless Story ...