2022.08_Баба Цвета, албанска Македонка

Видео каде што наместо да се докаже погрешното себеопределување, се потврдува спротивната вистина, дека дел од денешните Албанци некогаш биле Македонци. Баба Цвета не го заборавила тоа, другите како младото момче нејзин соселанец и соговорник тоа не сака да го прифати.

 

Превод:

– Селата овде се албански или македонски?
– Кој? Ова место?
– Да!
– Мешано.
– Ти си Албанка или Македонка?
– Православна, Македон.
• се појавува порака од творецот на видето наведено како Грешка број1. Во пораката се зборува демек луѓето правеле грешка затоа што ги мешале Народноста со Верата и затоа жената погрешно себе си се определува. •
– Ти си Македонка?
– Да јас сум Македонка.
– Но ти зборуваш албански подобро од мене.
– Јас зборувам албански од мајка ми.
– Добро. Од каде вие научивте албански.
– Од каде научив? Од кога сум родена. *Во преводот погрешно е преведно – од кога имав пари.*
– Проговори албански од кога си родена!?
– Да *се смее* Научив од мајка ми и татко ми.
– Ако си научила од татко ти тогаш ти си Албанка!?
– Не сум Албанка затоа што моето име е Цвета.
• Повторно се појавува порака наречена Грешка број 2 на која пишува демек ја греши народноста бидејќи има славјанско име. •
– Цвета?
– Кога овде имаше војни, така работите станаа. Тие дури пееја на албански. Ги учеа децата на албански. Сѐ додека местото не беше средено ние бевме Македонци.
– Сега, што ти пеела мајка ти? Албански?
– Албански?
– А татко ти?
– Татко пееше албански исто.
– Тогаш изгледа како да си Албанка.
– Не сум Албанка!
– Ти не си Албанка?
– Не..
– Па што ти пееја дедо ти и баба ти тебе?
– Што?
– Баба и дедо. *Не го разбира, истото ѝ го повторува на друго наречје и тогаш го разбира*
– Албански
– Сите зборувале Албански?!
– Да!
– Дури и ова место се зборува на албански?
– Да, дури и во мојата куќа и во твојата куќа, и во двете се зборува албански.
– Сега, сите во твојата фамилија, баби ти, дедо ти, татко ти, мајка ти сите зборувале албански и ти си?
– МАКЕДОНСКИ!

 

Извор: Illyrian_sigma