1878_Востанички документ од Кресненското востание – Никола Малешевски

1878_Востанички документ од Кресненското востание - Никола Малешевски

 

Устројство на Македонското востание, село Влахи 1878 година
1. Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија.
2. Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина.
3. Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата.
4. Сите доброжители на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.