1962+_Ознака на организацијата ОКМ-ДОМ-ДООМ-МНФ од 1974

1962+_Ознака на организацијата ОКМ-ДОМ-ДООМ-МНФ од 1974

ДООМ – Движење за ослободување и обединување на Македонија

Движењето за ослободување и обединување на Македонија е македонска иселеничка организација основана во 1962 г. во Шведска. Составена е од македонски иселеници во Данска, Германија, Шведска, Австрија, Белгија, Франција, САД, Канада и Австралија. Тоа претставувало македонско родољубно и национално движење и е основано како Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ). На вонредниот Конгрес на Комитетот во Копенхаген, Данска (1971), била донесена одлука за издавање на официјален орган – весникот „Македонска нација“. На редовниот Конгрес во Бремен, Германија (1972) името е сменето во Движење за обединување на Македонија (ДОМ), а името Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) го добива на Општиот Конгрес во Минхен, Германија (1974). Според новата платформа, Движењето се залагало за поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија, признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија, враќање на Македонците бегалци во Грција и автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија. На 5-от редовен конгрес (1984) името е променето во Народноослободителен фронт на Македонија, којшто кратко потоа се обединил со неколку други помали македонски емигрантски организации.