1947.11.22_Министерство на Народното Просвещение – Поправки в учебниците по история

1947.11.22_Министерство на Народното Просвещение - Поправки в учебниците по история

После падот на фашизмот посрамената Бугарија започнува со политика која прави чекори за национални слободи на националностите кои во неа живеат. Политика која постепено ќе ја напушта во наредните 15тина години сѐ додека во целост не се врати на политиката на шовинистичките негирања. Посебно на постоењето на одделна македонска нација.

Во прилог на македонски национални права во 1944 година основана е комисија за историја која ги отстранила спорните великобугарски и шовинистички тези во бугарските учебници. Во документот од Министерството за Народна Просвета на Бугарија се наведува дека во 1944 година извршени се измени во бугарските учебници, поточно се отстранети лекциите, наративите и тезите кои се карактеристични за великобугарскиот шовинизам.

  • Самуиловата словенска држава не треба да се претставува како „Западна Бугарија“. Таа никнува во земји кои навистина влегувале во пределите на Бугарија, но по својот народносен облик биле чисто словенски. Да се објасни дека Самуиловата држава е типична феудална творба во која нема и не може да има какво и да е национално сознание. Самуиловата држава е првенствено држава на македонските словени, стои во документот на историската комисија од 1947 година.
  • Како големобугарска идеја се смета и калемењето на бугарска националност врз сѐсловенските просветители Свети Климент и Наум. Во документот од 1947 стои дека Свети Климент и Наум треба да се истакнат како јужнословенски книжевници и просветители.
  • Браќата Миладиновци како и другите македонски учители и книжевници не треба да бидат третирани како претставници на бугарската просвета. За време на преродбата заедничките интереси на Бугарите и Македонците ја условуваат нивната заедничка борба, насочена против заедничкиот непријател – фанариотите, наведено е во документот од бугарската историска комисија од 1947.
  • Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија на чело со кнезот Пребонд исто така бил третиран од бугарската историска комисија во 1944 година. Во документот стои дека во бугарските учебници Пребонд треба да биде запишан како предводникот на првиот обид на Македонските Словени да создадат своја државна организација.

Овие тези коишто по падот на фашизмот се отстранети како шовинистички и великобугарски, денес бугарската страна од историските комисии сака да ги наметне внатре во самата Македонија.

Превод на изворниот текст:

 

Посочил: Портал Денешен